Viranto капсули за возрасни

370.00 ден

Краток опис на производот:

VIRANTO Adults содржи и цинк, витамин Д, бакар, витамин Ц од плод на ацерола и од плод на шипка, кој дополнително влијаат на зајакнување на имунитетот и зголемување на одбрамбените способности на организмот.

SKU: 8606107509365

Детален опис на производот:

Viranto kapsuli za vozrasni / Виранто капсули за возрасни се природно решение против настинка и грип.

VIRANTO Adults for you е граничен производ кој содржи екстракт од корен на африкански пеларгониум и екстракт од плод на црн бозел кои со своето заедничко (синергистичко) дејство ефикасно помагаат во зајакнување на имунитетот, ги ублажуваат и скратуваат симптомите на настинка и грип, ги помагаат функциите на дишење и го олеснуваат дишењето.
VIRANTO Adults for you содржи и цинк, витамин Д, бакар, витамин Ц од плод на ацерола и од плод на шипка, кој дополнително влијаат на зајакнување на имунитетот и зголемување на одбрамбените способности на организмот.

VIRANTO капсулите за возрасни најдобро е да се применат што е можно поскоро, во рок од 2 часа по појавата на првите симптоми на настинка и грип.

Препорачуваме секогаш да ги имате дома VIRANTO каспулите за возрасни за да можете да ги примените веднаш штом ќе се појават првите симптоми на вирусна инфекција.

VIRANTO Adults капсулите за возрасни се препорачуваат при кашлање, воспаление на грлото и воспаление на горниот респираторен тракт (акутен синузитис, тонзилофарингитис и акутен бронхитис).

Наменети се за деца постари од 12 години и возрасни.
Viranto Adults делува антивирусно така што спречува врзување на вирусот за рецепторите на клетките. На тој начин директно го блокира влегувањето на вирусот во клетката.

Доколку сепак вирусот влезе во клетката, Viranto Adults го спречува размножувањето на вирусот во клетките и негово понатамошно ширење во организмот.

  • Ги смалува и ублажува симптомите на вирусна инфекција: кашлање, болка во грлото, непрооден нос, блокирани синуси, температура
  • Овозможува брзо опоравување од вирусни респираторни инфекции
  • Делува на дишните патишта и го олеснува дишењето – го разредува секретот и помага во неговото исфрање
  • Го забрзува оздравувањето и смалува изостанување од училиште или работно место

Делува и антибактериски – спречува настанување на бактериска суперинфекција и ја смалува употребата на антибиотици.

Состав:
Екстракт од корен на африкански пеларгониум, екстракт од плодовите на бозел и ацерола, екстракт од шипка, цинк, витамин Д и бакар.

Состав на активни компоненти 2 капсули

  • Екстракт од корен на африкански пеларгониум (Pelargonium sidoides), DER 3-7:1 – 70 мг
  • Сув екстракт од плод на бозел (Sambucus nigra), DER 10:1 / стандардизирано на 10% полифеноли – 380 мг / 38 мг
  • Екстракт од плод на ацерола (Malphigia punicifolia) / стандардизирано на 25% витамин Ц – 200 мг/50 мг
  • Екстракт од плод на шипка (Rosa canina) / стандардизирано на 70% витамин Ц – 143 мг/100 мг
  • Цинк (цинк-глуконат) – 15 мг
  • Бакар (бакар-глуконат) – 1,5 мг
  • Витамин Д (холекалциферол) – 10 мкг

Помошни супстанции:
магнезиум стеарат (средство против згрутчување), желатин и титан-диоксид (боја)

Употреба:
Деца постари од 12 години: 1 капсула дневно. Возрасни: 2 капсули дневно. Пред употреба да се прочита упатството за употреба.

Мерки на претпазливост:
Да се чува во оригиналното пакување, на суво и темно место, на температура до 25°С, заштитено од директна светлина. Производот не треба да го употребуваат лица преосетливи на некои од состојките. Производот не е наменет за деца под 12 години. Препорачаната дневна доза на граничниот производ VIRANTO Adults for you! не смее да се надмине.
Граничниот производот VIRANTO Adults for you! не смее да се користи како замена за разновидна и избалансирана исхрана. Граничниот производ не е наменет за лекување!

Производите со пеларгониум не се препорачуваат на лица кои примаат антиколгулантна терапија и лица кои планираат хируршка интервенција. При употреба на производи со пеларгониум потребно е внимание кај лица со заболување на црниот дроб, псоријаза, ревматоиден артитис, лупус и автоимуни воспаленија. употребувајте го производот под
медицински надзор.

Ако забележите некое несакано дејство информирајте го Вашиот лекар или фармацевт.

Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.

Пакување:
20 капсули