Voltaren emulgel 1% гел

525.00 ден

Краток опис на производот:

Voltaren Emulgel gel при повреди на мускули и зглобови (свиткување, истегнување, модринки, болка во грбот, спортски повреди, тениски лакот), остеоартритис.

SKU: 8606111298088

Детален опис на производот и употреба:

Voltaren emulgel 1% гел – Волтарен емулгел е наменет за ослободување од болка и намалување на воспаление и оток, при болни состојби кои ги зафаќаат зглобовите и мускулите.

Волтарен емулгел се употребува за третман на:

  • Повреди на мускули и зглобови (прекумерно свиткување, истегнување, болки во грбот, спортски повреди)
  • Остеоартритис

Состав:
Активна супстанца е диклофенак диетиламин, 1г гел содржи 11,6 мг диклофенак диетиламин.

Помошни супстанции: карбомер, макрогол цетостеарил етер, кокоил каприлокапрат, диетиламин, изопропил алкохол, пропилен гликол, течен парафин, мирисна крема 45, прочистена вода.

Начин на употреба:
Внимателно истиснете мала количина гел од тубата, нанесете на кожата каде имате болка или оток 3 до 4 пати на ден, и нежно втријте. По нанесувањето може да почувствувате ефект на ладење.

Не нанесувајте од гелот на рани, посекотини или други површини каде кожата е оштетена.

Бременост и доење:
Волтарен емулгел не смее да се употребува во последните 3 месеци од бременоста.

За време на доење може да се користи само по медицинска препорака.

Пакување:
50g

Аптека ЕРИКС препорачува: