Детален опис на производот:
HealthAid Baby Vit – За да пораснат здрави и силни, освен избалансирана исхрана, на бебињата им е потребен широк спектар на витамини и минерали. Baby Vit од Health Aid се специјално формулирани капки кои имаат за цел да им ги обезбедат на вашите деца сите материи кои се неопходни за нивен здрав и правилен раст и развој.
BabyVit капките содржат:
- Витaмин А – го стимулира и одржува имунитетот, учествува во правилниот развој на коските, го стимулира лачењето на хормонот на раст
- Витамин Д –овозможува ресорпција и депонирање на калциумот во коските а со тоа овозможува истите да бидат здрави и цврсти.
- Витамин Ц – го подобрува имунитетот, штити од вирусни инфекции, стимулира синтеза на колаген и помага во заздравување на рани.
- Витамин Е – претставува моќен антиоксидант и ја штити клетката од слободни радикали, воедно го подобрува и метаболизмот.
- Тиамин (Б1) – го одржува здравјето на нервите и ја потпомага нивната регенерација.
- Рибофлавин (Б2) – го потпомага метаболизмот на јаглехидратите, мастите и протеините со цел ослободување енергија.
- Никотинамид (Б3) – заедно со Б1 и Б2 го потпомага метаболизмот на јагленитехидрати.
- Витамин Б6 – помага да се преработат амино-киселините, потребен е да се создаде серотонинот, мелатонинот и допаминот, помага во создавање на неуротрансмитерите па поради тоа помага во регулирање на умствените процеси.
Состав во 1ml:
- Vitamin A (1000iu) 300μg
- Vitamin D (400iu) 10μg
- Vitamin E (5iu) 5mg
- Vitamin C 50mg
- Thiamine (Vit B1) 1.07mg
- Riboflavin (Vit B2) 0.4mg
- Nicotinamide 8mg
- Vitamin B6 (Pyridoxine HCl) 0,4mg
- Vitamin B12 2μg
- Folic Acid 55μg
- Glycerine BP 700mg
- Бебињата и малите деца кои не добиваат доволно хранливи материи поради нивниот начин на исхрана
- Бебињата и малите деца со недостаток на енергија поради лошото спиење и вознемиреност
- Бебињата и малите деца кои имаат потешкотии со голтање таблети
- Бебињата и малите деца кои примаат лекарства или кои заздравуваат од болести
- Бебињата и малите деца кои имаат потреба од помош со ментална стимулација, фокусирање и концентрација
Секојдневното земање на Baby Vit капките како додаток на исхраната, овозможува подобар имунитет и ја зголемува отпорноста на детето од вирусни и бактериски инфекции, обезбедува сила, енергија, како и подобар ментален развој.
Дозирање и начин на употреба:
- Baby Vit Капки се земаат со храна. Добро протресете пред употреба.
- Доенчиња 0 до 4 месеци: ½ мл (приближно 12 капки); 4 до 12 месеци: 1 ml (приближно 25 капки)
- Над 12 месеци до 4 години: 1-2ml (приближно 50 капки).
- Не го надминувајте препорачаниот дневен внес, освен ако не е препорачан од соодветно квалификувано лице.
- Додатоци во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна исхрана