Детален опис на производот:
Bilobil Intens капсулите содржат квантифициран, сув екстракт од лист од гинко. И припаѓаат на групата хербални лекови кои се употребуваат за ублжување на симптомите на деменција.
Дерменцијата претставува хронично, прогресивно заболување на мозокот при кое највидлив знак е губењето на помтењето. Капсулите Билобил интенс го подобруваат крвотокот и метаболизмот и на тој начин го спречуваат намалувањето на интелектуалниот капацитет кај сите видови на блага до умерена деменција. При нарушувања на крвотокот во екстремитетите, го ублажува чувството на ладно, трнење и нечувствителност, како и болки при одење.
Капсулите БИЛОБИЛ ИНТЕС претставуваат хербален лек кој се препорачува за ублажување на симптомите кај :
- сите видови на блага до умерена деменција (примарна дегенеративна деменција, васкуларна деменција или мешана деменција), односно за ублажување на следните симптоми: намалување на помнењето и интелекуалниот капацитет, нерасположеност, вртоглавица, зуење во ушите, главоболка и нарушено спиење,
- почетни нарушувања на крвотокот во екстремитетите во комбинација со соодветна физичка терапија, особено тренирање со пешачење.
КАКО ДА СЕ ЗЕМА БИЛОБИЛ ИНТЕНС
Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Ако не сте сигурни, обратете се кај вашиот лекар или фармацевт.
Сите видови на блага до умерена деменција (примарна дегенеративна деменција, васкуларна деменција или мешана деменција), односно за ублажување на следните симптоми: намалување на помнењето и интелекуалниот капацитет, нерасположеност, вртоглавица, зуење во ушите, главоболка и нарушено спиење
Дозирање:
Вообичаената доза 1 капсула, 2 пати на ден, најдобро наутро и навечер.
Почетни нарушувања на крвотокот во екстремитетите:
Вообичаената доза е 1 капсула, еднаш дневно, најдобро наутро.
Капсулите треба да се проголтаат со малку течност. Овој лек може да се зема независно од оброците.
Првите знаци на подобрување вообичаено се забележуваат по еден месец од употребата. За подолготраен ефект, особено кај повозрасните, се препорачува капсулите да се земаат најмалку три месеци. По три месеци, побарајте совет од вашиот лекар или фармацевт дали треба да продолжите да го земате овој лек.