BlokMAX Duo таблети

165.00 ден

Краток опис на производот:

BlokMAX Duo се употребува за краткотрајна симптоматска терапија на лесна до умерена болка, која не се ублажува со употреба само на ибупрофен или само на парацетамол.

SKU: 5310001258900

Бренд

BlokMAX Logo

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

BlokMAX DuoСостав
200 mg ибупрофен и 500 mg парацетамол.

Фармацевтска форма
Филм-обложена таблета со втиснат двоен круг на едната страна од таблетата.

Дејство
Блокмакс Дуо претставува комбиниран аналгетик. Содржи ибупрофен, којшто спаѓа во групата на нестероидни антиинфламаторни (противвоспалителни) лекови (НСАИЛ), со аналгетично (против болка), антипиретично (против покачена температура) и со антиинфламаторно (противвоспалително) дејствување. Содржи и парацетамол, чие дејство е комплементарно со она на ибупрофенот. Двете компоненти делуваат синергистички.

Индикации
Блокмакс Дуо се употребува за краткотрајна симптоматска терапија на лесна до умерена болка, која не се ублажува со употреба само на ибупрофен или само на парацетамол, како на пример:

  • главоболка,
  • мигрена,
  • забоболка,
  • мускулна болка,
  • болка во грбот,
  • болка при поблаги артритични состојби и
  • ревматска болка.

Пакување
Кутија со 10 филм-обложени таблети во блистер и со упатство за пациентот.