Bromelain капсули
1.490,00 ден
Детален опис на производот и употреба:
NOW Bromelain капсули – Бромелаин е протеолитички ензим добиен од стеблото на ананас, кој има протеински дигестивни својства.
- Природен дигестивен ензим
- Вегетеријански/Веган производ
Бромелаин е еден од најпознатите биоактивни ензими и е предмет на постојани истражувања низ целиот свет. Бромелаин е протеин присутен во стеблото и сокот од ананас. Овој природен ензим и припаѓа на групата на протеолитички ензими. Се смета дека бромелаинот е биолошки најактивен од сите дигестивни ензими, и за разлика од други дигестивни ензими лесно и во големи количини се апсорбира во организмот.
Лошото варење на храната доведува до појава на алергии, анемии и нарушување на имуниот систем. Исто така, тешко се разградува храната, се појавува чувство на подуеност и зголемена киселост во стомакот, чести гасови, болки во стомакот и отежната апсорбцијата на хранливи материи.
Состав :
една капсула содржи :
- Bromelain (2400 GDU/g) (од ананас) 500 мг
GDU: Gelatin Digesting Units – мерка за протеолитички (протеинска дигестивна) активност.
Употреба :
како додаток во исхраната земете 1 капсула дневно со или помеѓу оброци.
Пакување :
60 капсули


