Canesten 3 вагиналети 200mg
435.00 ден
Детален опис на производот и употреба:
ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНЕСТЕН® 3 ВАГИНАЛНИ ТАБЛЕТИ И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА
Канестен 3 е лек кој се користи за лекување на габични инфекции на вагината. Клотримазол, активната супстанција дејствува врз габите на тој начин што го инхибира создавањето ергостерол, што доведува до структурни и функционални оштетувања на цитоплазматската мембрана.
Канестен® 3 вагиналните таблети се употребуваат за лекување инфекции на половите органи (вагинитис) што ги предизвикуваат габи (најчесто CANDIDA ) и суперинфекции со бактерии чувствителни на клотримазол.
Како да знам дека е кандидијаза?
- 6 главни симптоми
- Чешање
- Оток
- Црвенило
- Необичен исцедок
- Печење
- Болка
Кандидијазата обично не го менува нивото на pH и нема мирис, но може да почувствувате болка за време на секс или мокрење.
Без грижи!
Можеби чувството е непријатно, но нема потреба да се плашите. Кандидијазата не е сексуално пренослива болест или сериозна состојба и во повеќето случаи може лесно и ефикасно да се излечи. Исто така, вообичаена е и многу честа – 3 од 4 жени ја добиваат барем еднаш за време на нивниот живот и не е предизвикана од недостаток на хигиена1.
Начин на употребa:
Со помош на апликаторот, вметнете ја вагиналната таблета што е можно подлабоко во вагината во текот на 3 непрекинати денови, пред спиење. Секогаш читајте го Внатрешното упатство за пациентот.