Echinavit C сируп
160.00 ден
160.00 ден
Детален опис на производот:
Echinavit C sirup – Ехинавит Ц® сирупот во сојот состав содржи активни растителни компоненти кои со своето синергистичко дејство на природен начин поволно делуваат на зголемување на имунитетот и ја подобруваат отпорноста на организмот.
Сувиот екстракт од ехинацеата содржи фенолна компонента ехинакозид – дериват на кафената киселина, флавоноиди, полисахариди, стероли, масни киселини, гликопротеини. Ваквиот состав на биолошки активни материи на екстрактот му овозможува поволно да делува на зголемување на имунитетот и одбранбената способност на организмот при одредени заболувања или превентивно во случај на замор и општа малаксаност. Активните компоненти поседуваат и антибактериско, антивирусно и противвоспалително дејство, поради што поволно делуваат во случаи на настинка, кашлица и брoнхитис.
Слузите од белиот слез ја омекнуваат слузницата на дишните патишта и го олеснуваат искашлувањето на секретот.
Тинктурата од тимијан поволно делува на ублажување на кашлицата и разредување на густиот секрет во респираторниот тракт. Поседува благо антисептично и антибактериско својство.
Витаминот Ц како добар антиоксидант има својство да ги врзува слободните радикали во организмот. Во комбинација со екстрактот од ехинацеа учествува во зајакнување на имунитетот на организмот.
Употреба:
Ехинавит Ц® сирупот е природен производ кој се препорачува да се употребува за:
Аптека ЕРИКС препорачува: