ESPRICO капсули
1,760.00 ден
Краток опис на производот:
Esprico е специјално изработен препарат како додаток на исхрана наменет за хиперактивни деца. Oвошните капсули погодни за џвакање содржат масло од морска риба со висока концентрација на омега-3 и омега-6 масни киселини. Исто така, ги содржат минералите магнезиум и цинк.
Нема на залиха
ИЗВЕСТУВАЊЕ: За жал овој производ го немаме на залиха, една од причините е неможноста да биде нарачан од сите релевантни веледрогерии во Македонија. Погледнете што препорачува аптека ЕРИКС како замена и/или поврзани/слични производи.
За повеќе информаци околу достапноста ве молиме контактирајте со нас.
Детален опис на производот и употреба:
Esprico е специјално изработен препарат како додаток на исхрана наменет за хиперактивни деца. Доаѓа во облик на капсули за џвакање со пријатен овошен вкус кои содржат рибино масло (високо пречистено, добиено од морски риби) со висока концентрација на омега-3 и омега-6 масни киселини во комбинација со магнезиум и цинк. По 12 седмици прием на Есприко има значително намалување на симптомите на дефицит на внимание, хиперактивност и импулсивност. Исто така забележано е и подобрување на сонот и полесно заспивање кај децата.
Упатство за употреба:
Децата на возраст од 5 години и над пет годишна возраст треба да земаат 4 капсули дневно, 2 наутро и 2 навечер за време или по оброкот. Капсулите може да се џвакаат или голтнат цели со мала количина на течност по желба. Содржината на капсулата може да се истисне во лажица или да се промеша во оброкот. ESPRICO е диететска храна за специфична медицинска намена. ESPRICO не треба да се користи во случај на алергија на која било од неговите состојки, на пример риба или ноќниче. Може да има лаксативно дејство доколку се користи прекумерно. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Разновидната и урамнотежена исхрана како и здравиот начин на живот се важни.
Пакување:
60 капсули