Flonivin Plus капсули

270,00 ден

Краток опис на производот:

Flonivin Plus капсули – производот е наменет за нормално функционирање на дигестивниот систем и нормална функција на имуниот систем

SKU: 8600618015575

Производител

Galenika logo

Детален опис на производот и употреба:

Flonivin Plus капсули/Flonivin Plus Флонивин Плус

  • Содржи најмалку 5 милијарди корисни пробиотски клетки Saccharomyces boulardii и Bifidobacterium bifidum и 5 мг цинк
  • Производот е наменет за нормално функционирање на дигестивниот систем и нормална функција на имуниот систем
  • Пробиотиците можат да се дефинираат како моно или мешовити култури на живи микроорганизми кои внесени во препорачаната количина во организмот на домаќинот (луѓе или животни) го подобруваат неговото здравје, првенствено со нормализација на цревната микрофлора
  • Цревата се населени од околу 100 трилиони на ,,пријателски,, бактерии,при што 95% припаѓаат на бактериите од млечни киселини, кои се неопходни за одвивање на основните физиолошки и биохемиски процеси во човековиот организам

Основни особини на пробиотичките соеви за хумана употреба:

  • Поседуваат антимикробно дејство
  • Отпорни се на киселата средина во желудникот и на жолчни соли
  • Се придржуваат на површината на цревната слузокожа
  • Безбедни се по здравјето

Повеќето се млечно киселински бактерии кои припаѓаат на следните родови неспорогени бактерии: Lactobacillus, Biffidobacterium, Leuconostoc, Pediococcus, Lactococcus, Enterococcus и Streptococcus, спорогени бактерии Bacillus sp, како и некои соеви на габи Saccharomyces sp.

  • Капсулите се комбинација на две пробиотски култури Saccharomyces boulardii и Bifidobacterium bifidum
  • Соевите се отпорни на киселата средина во желудникот и на жолчните соли
  • Saccharomyces boulardii поседува природна резистенција на антибиотици
  • Спречуваат раст на штетните бактерии како што се Staphylococcus aureus, Escherichia Coli и Clostridium difficile
  • Пробиотиците ја населуваат слузокожата на цревата и со тоа го спречуваат населувањето на штетните бактерии. Синтетизираат антимикробни материи кои спречуваат раст и размножување на штетните микроорганизми
  • Во нивниот недостаток, поради зголемен алкалитет на средината, доаѓа до размножување на штетни бактерии и настанување на различни пречки во варењето
  • Познато е и дека ја инхибираат/блокираат активноста на ензимите кои учествуваат во претварање на нитрати во штетни, токсични и карциногени нитрозоамини
  • Го скратуваат траењето и интензитетот на дијареата кај цревните инфекции, кај употреба на антибиотици и патувачка дијареа
  • Капсулите посебно се препорачуваат за нормализација на цревната микрофлора по употреба на антибиотици како и за подобрување на општиот имунитет на организмот
  • Се препорачува користење на најмалку 7 дена пред патување, како во цревата би се зголемил бројот на пробиотички култури, со цел заштита од патувачка дијареа или труење со храна
  • Цинкот ја намалува тежината и траењето на дијареата и дополнително го зајакнува имунитетот, така што помага при обновување на слузокожата и функцијата на цревата

Flonivin® plus/Флонивин® плус капсулите се препорачуваат:

  • За нормализација на цревната микрофлора после употреба на антибиотици
  • За подобрување на имунитетот на целиот организам
  • Кај акутни дијареи
  • Кај упорен затвор

Употреба:

  • Возрасни и деца над 3 години: 1-3 капсули дневно, без џвакање и со доволна количина течност
  • За нормализација на цревната микрофлора во тек и по употреба на антибиотик, да се зема 1 капсула дневно, во траење од 7-10 дена, 2 часа по земањето на антибиотикот
  • Во случај на акутна дијареа се користи 1-3 капсули дневно

Пакување:
10 капсули

Заедно со Flonivin Plus капсули најчесто купуваат и: