Forvita B complex таблети

159,00 ден

Краток опис на производот:

Forvita B complex од Реплек е комбинација од витамини од групата Б, при што секој од нив има посебна улога во човечкиот организам.

Витамините Б1, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б12 придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем, нормален енергетски метаболизам и намалување на заморот и исцрпеноста.

SKU: forvita-b-complex-tableti

Бренд

Forvita logo

Производител

ReplekFarm logo

Детален опис на производот и употреба:

Forvita B complex од Реплек е комбинација од витамини од групата Б, при што секој од нив има посебна улога во човечкиот организам.

Витамините Б1, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б12 придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем, нормален енергетски метаболизам и намалување на заморот и исцрпеноста.

Дополнително, витамините Б1, Б3, Б6, Б12 и фолната киселина придонесуваат за нормална психолошка функција.

Витамините Б2, Б6, Б12 и фолната киселина придонесуваат за нормално создавање на црвените крвни клетки.

Витаминот Б1 придонесува и за нормална функција на срцето, додека витамините Б2 и Б3 придонесуваат за одржување на нормалната состојба на кожата и слузокожата.

Витаминот Б6 придонесува за нормална синтеза на цистеин и нормален метаболизам на хомоцистеин, протеини и гликоген. Заедно со витамините Б12 и фолната киселина, придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем.

Витаминот Б12 придонесува и за нормални когнитивни функции и го намалува ризикот од нивно опаѓање со стареењето, додека фолната киселина има улога во клеточната делба и придонесува за нормална синтеза на аминокиселини.

Витаминот Б5 придонесува за нормални ментални способности, како и за нормална синтеза и метаболизам на стероидните хормони, витаминот Д и одредени невротрансмитери.

Forvita B complex се препорачува при:

  • недоволно внесување на витамини од групата Б (еднолична исхрана, диети, анорексија, повраќање, шеќерна болест, заболувања на црниот дроб)
  • зголемени потреби за витамини од групата Б (температура, инфекции, зголемена функција на штитната жлезда, зголемен физички напор, бременост, доење)
  • недоволна апсорпција на витамини од групата Б (дијареа, хронични заболувања на органите за варење на храната)
  • недоволна синтеза на витамини од групата Б во цревата (земање на антибиотици и хемотерапевтици)
  • зголемена елиминација на витамини од групата Б (зголемено мокрење)

Мерки за предпазливост:

Пред употреба на производот, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт доколку сте бремени, доите, земате други лекови или имате одредени здравствени проблеми.

Не го употребувајте производот доколку имате позната преосетливост на која било од неговите состојки. Доколку се појави реакција на преосетливост, употребата треба да се прекине.

FORVITA® Б-комплекс филм-обложените таблети содржат шеќер лактоза. Доколку вашиот лекар ве информирал дека имате нетолеранција на одредени шеќери, консултирајте се со него пред употреба на овој производ.

Состав:
1 филм-обложена таблета содржи:

  • Витамин Б1 1 mg
  • Витамин Б2 1,2 mg
  • Витамин Б3 10 mg
  • Витамин Б5 пантотенска киселина 5 mg
  • Витамин Б6 1,4 mg
  • Витамин Б9 фолна киселина 100 μg
  • Витамин Б 12 1,4 μg

Дозирање:
Деца над 7 години и возрасни:
– 1 филм-обложена таблета на ден

Пакување:
30 таблети

Заедно со Forvita B complex таблети најчесто купуваат и: