Halsept спреј за грло и уста

320.00 ден

Краток опис на производот:

Halsept спреј за грло и уста има антивоспалителното, антисептично и аналгетско дејство. Халсепт се употребува при болки во грлото и отежнато дишење, при воспалителни појави во усната празнина и при лош здив.

SKU: 5319991382435

Производител

Bionika Pharmaceuticals logo

Детален опис на производот и употреба:

BIONIKA Halsept спреј за грло и уста, има антивоспалителното, антисептично и аналгетско дејство. Халсепт се употребува при болки во грлото и отежнато дишење, при воспалителни појави во усната празнина и при лош здив.

Состав:
Спреј за уста и грло во облик на раствор, медицинско средство кој во својот состав содржи левоментол, тимол, етерични масла од еукалиптус, жалфија, каранфилче и нане.

Дозирање:
При болки во грлото и отежнато дишење, две до три распрскувања во задниот дел од грлото на секои 3- 4 часа или по потреба.

При воспалителни појави во усната празнина, две до три распрскувања 3- 4 пати на ден половина час по јадење. Прснете го заболеното место во усната празнина, почекајте 15 секунди, потоа проголтајте го растворот.

При лош здив, распрскајте два до три пати од спрејот во усната празнина, почекајте 15 секунди и проголтајте го растворот. Повторете го ова по секој оброк.

Халсепт се употребува кај деца над 4 години и возрасни.

Пакување:
30 ml раствор во темно стаклено шише со пумпа за распрскување.