Hemero protect крем за хемороиди

380.00 ден

Краток опис на производот:

Hemero protect кремата е медицинско средство кое се користи за олеснување на тегобите кај хемороиди, анални фисури и проктитис (печење, чешање, крвавење и болка).

SKU: hemero-protect

Детален опис на производот:

Крема „Хемеро протект“ (Hemero protect)

Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство пред да почнете со користење на кремата „Хемеро протект“. Чувајте го упатството бидејќи можеби ќе сакате повторно да го прочитате.  Ако имате прашања или нејаснотии, Ве молиме обратете се кај вашиот фармацевт или лекар.

ВО ОВА УПАТСТВО:

  1. Што претставува кремата „Хемеро протект“ и за што се користи?
  2. Што содржи кремата „Хемеро протект“?
  3. Како делува кремата „Хемеро протект“?
  4. Кога треба да се користи кремата „Хемеро протект“?
  5. Како се нанесува кремата „Хемеро протект“?
  6. Како се чува кремата „Хемеро протект“?
  7. Предупредувања
  8. Дополнителни информации
  9. Што претставува кремата „Хемеро протект“ и за што се користи?

Кремата „Хемеро протект“ е медицинско средство, а се користи за олеснување на тегобите кај хемороиди, анални фисури и проктитис (печење, чешање, крвавење и болка).

Што содржи кремата „Хемеро протект“?
Кремата „Хемеро протект“ содржи: вазелин, прочистена вода, парафин, цетеарил алкохол, цетет-20, стеарил алкохол, глицерин, екстракт од камилица, феноксиетанол, бета-глукан (полисахариди на квасец), алантоин, етилпарабен, метилпарабен и млечна киселина.

Како делува кремата „Хемеро протект“?
Кремата „Хемеро протект“, благодарение на лубрикантните својства и својствата за навлажнување, го намалува триењето при празнење и го поттикнува празнењето на цревата и ја штити воспалената и иритирана аноректална слузница.

Спречува иритација и конгестија во перианалниот дел и ги ублажува болката, печењето и чешањето.

Кога треба да се користи кремата „Хемеро протект“?
Кремата „Хемеро протект“ се препорачува кај проктолошки заболувања:

  • за намалување на триењето во текот на празнењето на цревата
  • за ублажување на пецкањето, чешањето и крвавењето
  • за спречување на воспалението и конгестијата
  • за намалување на болките
  • за поттикнување на заздравувањето на оштетената слузница на ректумот

Како се нанесува кремата „Хемеро протект“?
Нанесете од кремата на чист анален отвор 2 до 4 пати дневно,најдобро пред и по секое празнење на цревата. Измијте ги рацете пред и по нанесување на кремата. Измијте го болното место пред нанесувањето.

Отстранете ги капачето и заштитната фолија на тубата и ставете го апликаторот наместо капачето. Стискајте ја тубата сè додека кремата не го наполни апликаторот и излезе од него. Ставете го апликаторот во анусот, полека стиснете ја тубата така што кремата ќе може рамномерно да се распореди на болното место.  Отстранете го апликаторот од телото и со прст нанесете мала количина крема околу анусот.

По користењето, апликаторот веднаш отстранете го од тубата и истата затворете ја со капачето. Темелно измијте го апликаторот со вода и затворете го со посебното капаче.

Како се чува кремата „Хемеро протект“?
Чувајте ја кремата подалеку од дофат на деца.

Чувајте ја на ладно и суво место, заштитено од светлина и топлина.

Не смеете да ја користите кремата по истекувањето на рокот на употреба означен на кутијата.

Рокот на употреба подразбира чување на производот според пропишаните услови и во оригиналното пакување.

По отворањето производот може да се користи 3 месеци.

Предупредувања
Кремата не треба да се користи кај деца помлади од 12 години.

Кремата не треба да се користи ако тубата е отворена или оштетена.

Не користете ја кремата ако сте алергични или преосетливи на некоја од состојките на производот. Составот на производот можете да го најдете во Упатството во делот „Што содржи кремата „Хемеро протект‘“.

Во случај на несакани реакции веднаш престанете со користење на кремата и обратете се кај Вашиот лекар.

Ако симптомите траат подолго од 2 недели од почетокот на користењето, побарајте совет од Вашиот лекар.

Употребата на производот и апликаторот е лична.