Immuprotect таблети

1.240,00 ден

Краток опис на производот:

HealthAid ImmuProtect таблетите се состојат од моќни природни екстракти, антиоксиданти, витамини и минерали познати по нивната стимулација на имунолошкиот систем и по нивните анти-вирусни, анти-бактериски и анти-воспалителни својства.

SKU: immuprotect-tableti

Производител

HealthAid Logo

Детален опис на производот и употреба:

HealthAid ImmuProtect таблетите се состојат од моќни природни екстракти, антиоксиданти, витамини и минерали познати по нивната стимулација на имунолошкиот систем и по нивните анти-вирусни, анти-бактериски и анти-воспалителни својства.

Витамин Ц (1000 mg чист L-аскорбат ) ги штити клетките на имунолошкиот систем од штетното дејство на слободните радикали, го зајакнува имунитетот со зголемување на производството на интерферон.

ImmuProtect има исклучително висока доза на витамин Ц, што е многу важно затоа што според истражувањата, витаминот Ц е корисен во борбата против инфекциите само кога се користи во дози повисоки од 500mg на ден.

Цинкот ги инхибира вирусот на грип и другите вируси. Земањето цинк на почетокот на настинка или грип помага во минимизирање на нивната сериозност и времетраење.

Екстрактот од астрагалус е добро познат и ефикасен зајакнувач на енергијата и имунитетот.

Екстрактот од прополис се покажа како ефикасен против бактериски и вирусни инфекции. Исто така се користи за подобрување на способноста на имунолошкиот систем во борба против микробите.

Правот од печурката Маитаке е силен имунолошки стимулант.

Рутин вклучен во ImmuProtect, има антиинфламаторни својства и е корисен за ублажување на симптомите на респираторни инфекции.

Кверцетинот помага во намалување на воспалението и симптомите на алергија со намалување на покачените нивоа на хистамин. Исто така, помага во заштита од вирусни инфекции бидејќи е познато дека има антивирусни својства.

ImmuProtect® делува уште подобро кога се комбинира со додатоци на витамин Д3 и магнезиум во HealthAid.

Што содржат ImmuProtect таблетите:

1 таблета содржи:

Активна супстанција:
Витамин Ц 1000 mg[калциум аскорбат, хидрокси пропил метил целулоза(HPMC)], Цинк 15 mg, Прав од митаке печурка 225 mg, Рутин 100 mg, eкстракт од астрагалус (еквивалент на 230 mg прав од астрагалус) 57.5 mg (корен од Astragalus membranaceus),, eкстракт од прополис (еквивалент на 150 mg прав од прополис) 37.5 mg, кверцетин 75 mg.

Помошни супстанции: средство за зголемување на маса (микрокристална целулоза), средство против згрутчување (раст.магнезиум стеарат, силика), стабилизатор (кроскармелоза натриум), средство за глазура (HPMC, глицерин).

ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВААТ?

  • Помогаат да се зајакне активноста на имунолошкиот систем .
  • Помогаат да се намали ризикот од вирусни и бактериски инфекции.
  • Помогаат во олеснување на симптомите на вирусни и бактериски инфекции.
  • Делуваат како моќен антиоксидант и ги штити имуните клетки од оксидативно оштетување.
  • Делува како потентно антиинфламаторно средство.
  • Може да помогне во намалување на знаците на алергија со намалување на нивото на хистамин.

ЗА КОГО СЕ НАМЕНЕТИ?

  • Оние кои чувствуваат симптоми на вирусни и бактериски инфекции.
  • Луѓе кои сакаат да го минимизираат времетраењето или фреквенцијата на настинка или грип и други вирусни и бактериски инфекции.
  • Оние кои сакаат да го зајакнат својот имунитет.
  • Здравствени работници или луѓе кои се повеќе изложени на инфекција.
  • Луѓе кои сакаат да одржуваат општо здравје и благосостојба.

Дозирање:
Возрасни и деца над 12 години, една таблета дневно. Не го надминувајте препорачаниот дневен внес, освен ако не ве советува соодветно квалификувано лице.

Пакување:
30 таблети

Заедно со Immuprotect таблети најчесто купуваат и: