Loratadin S таблети
135.00 ден
Краток опис на производот:
Loratadin S содржи активна супстанција лоратадин (која спаѓа во групата антихистаминици). Таблетите Лоратадин С се употребуваат како симптоматска терапија на алергиски ринитис (кивање, течење или чешање на носот, печење или чешање на очите), како и за симптоматска терапија на хронична идиопатска уртикарија (црвенило/исип на кожата проследено со чешање).
Детален опис на производот и употреба:
Состав
Loratadine hydrochloride 10 mg
Фармацевтска форма
Таблети
Дејство
Loratadin S Алкалоид содржи активна супстанција лоратадин, којашто супстанција спаѓа во групата антихистаминици.
Антихистаминиците ги ублажуваат алергиските симптоми, спречувајќи го дејството на хистаминот којшто се создава во организмот.
Индикации
Таблетите Лоратадин С се употребуваат како:
- симптоматска терапија на алергиски ринитис (кивање, течење или чешање на носот, печење или чешање на очите),
- симптоматска терапија на хронична идиопатска уртикарија (црвенило/исип на кожата проследено со чешање).
Пакување
Лоратадин С таблети – Кутија со 10 таблети во блистер, со упатство за пациентот.