Magnevital direct ќесички
230.00 ден
Краток опис на производот:
Magnevital direct ќесички е неопходен за оптимално функционирање на човечкото тело – потребен е на мускулите, нервите и срцето. Магнезиумот учествува во повеќе од 300 различни метаболички процеси во телото, првенствено оние кои генерираат енергија.
Нема на залиха
ИЗВЕСТУВАЊЕ: За жал овој производ го немаме на залиха, една од причините е неможноста да биде нарачан од сите релевантни веледрогерии во Македонија. Погледнете што препорачува аптека ЕРИКС како замена и/или поврзани/слични производи.
За повеќе информаци околу достапноста ве молиме контактирајте со нас.
Детален опис на производот и употреба:
MAGNEVITAL Direct 400 mg / Мгневитал Директ / magnezium+cink+vitamini B1, B6, B12 + vitamin C директ ќесички, 20 директ кесички со вкус на лимон и грејпфрут.
Magnevital Direct, прашок за директно нанесување, содржи оптимален сооднос на магнезиум, цинк, витамини Б1, Б6, Б12 и витамин Ц. Придонесува за намалување на чувството на замор и исцрпеност, за правилно функционирање на мускулниот, нервниот и имунолошкиот систем и за заштита на клетките од оксидативен стрес. Производот има пријатен вкус, збогатен со арома на грејпфрут. Не содржи шеќер и глутен. Беа користени следните засладувачи: сорбитол, сукралоза и неохесперидин DC, така што може безбедно да се користи од дијабетичари.
Магнезиумот е есенцијален минерал, неопходен за оптимално функционирање на човечкото тело – потребен е на мускулите, нервите и срцето. Учествува во повеќе од 300 различни метаболички процеси во телото, првенствено оние кои генерираат енергија. Истражувањата покажуваат дека голем дел од возрасните не ги консумираат дневните потреби од овој минерал (лоша апсорпција, земање диуретици, неправилна исхрана, консумирање алкохол, неконтролиран дијабетес). Симптомите на недостаток на магнезиум вклучуваат замор, несоница, мускулна дисфункција, палпитации. Магнезиумот учествува во градењето на коските и забите. Придонесува за регуларноста на мускулната контракција, синтезата на протеините, овозможува нормална невротрансмисија која влијае на квалитетот на сонот, процесот на релаксација, задржување на менталното внимание и острина. Може да придонесе за намалување на дијабетес тип 2 кај дебелите луѓе.
Цинкот е микроелемент кој придонесува за оптимално функционирање на имунолошкиот систем, одржување на правилна функција на коските, правилна когнитивна функција, придонесува за плодност и репродукција, здрав изглед на кожа, коса и нокти. Има значајна улога во спречувањето на настинки и грип како и хронични инфекции, бидејќи го стимулира имунолошкиот систем и има антиоксидантна улога.
Витамините од Б групата се неопходни за производство на енергија, како и за поделба и обновување на клетките.
Витаминот Б1 придонесува за правилна функција на нервниот систем, нормална психолошка функција и нормална работа на срцето.
Витаминот Б6 придонесува за правилен метаболизам и генерирање енергија, правилна функција на нервниот и имунолошкиот систем, нормална психолошка функција и намалување на замор и исцрпеност.
Витаминот Б12 е витамин растворлив во вода кој игра клучна улога во правилното функционирање на нервниот систем и формирањето на црвените крвни зрнца. Тој е вклучен во метаболизмот на сите клетки на човечкото тело, влијае на синтезата на генетскиот материјал (ДНК и РНК) и на метаболизмот на јаглени хидрати, амино и масни киселини. Ја подобрува концентрацијата, меморијата и рамнотежата и благотворно делува на изгледот на кожата и косата.
Витаминот Ц придонесува за правилно функционирање на имунолошкиот систем, ги штити клетките од оксидативен стрес, како и го намалува заморот и исцрпеноста. Има директно влијание врз намалувањето на времетраењето на симптомите кои се јавуваат при вирусни и бактериски инфекции.
Состав:
- магнезиум (магнезиум оксид)
- витамин Ц (L-аскорбинска киселина)
- цинк (цинк цитрат)
- витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид)
- витамин Б1 (тиамин мононитрат)
- витамин Б12 (цијанокобаламин)
Пакување:
20 ќесички