Medogal сируп
130.00 ден
130.00 ден
Детален опис на производот:
Медогал сируп со екстракти од корен на бел слез и херба на тимјан, за разни видови на кашлица.
Medogal сирупот содржи екстракти од корен на бел слез и херба на тимјан. Слузните материи кои ги содржи коренот на бел слез ја обложуваат воспалената слузница на устата и грлото, заштитувајќи ја на тој начин од дразби кои ја активираат кашлицата, додека активните состојки на екстрактот од херба на тимјан го стимулираат излачувањето на бронхијална слуз, го разредуваат густиот жилав секрет и го олеснуваат искашлувањето. Медот допринесува за зголемување на отпорноста на организмот. Медогал сирупот се препорачува за ублажување на различни видови на кашлица и олеснување на искашлувањето при полесни воспаленија на горните дишни патишта, проследени со кашлица.
Употреба:
Не се препорачува употреба на сирупот кај деца под 4 години, бремени жени и доилки. Медогал сирупот содржи шеќер, поради што не се препорачува кај лица со шеќерна болест.
Пакување:
100 мл.
Аптека ЕРИКС препорачува: