NEURO-VIT таблети

312.00 ден

Краток опис на производот:

Neurovit е комбинација на витамините Б1, Б6 и Б12. Се употребува како дополнителна терапија за невритис и невралгија (невропатии).

SKU: 5310090007533

Производител

ReplekFarm logo

Детален опис на производот и употреба:

НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети се комбинација на витамините Б1, Б6 и Б12. neuro-vit
Се употребуваат како дополнителна терапија за невритис и невралгија (невропатии), како на пример: тригеминална невралгија, интеркостална невралгија, ишиалгија, лумбален синдром, цервикален синдром, синдром рамо-рака, радикуларен невритис кој се должи на дегенеративна болест на ‘рбетниот столб, фацијална парализа.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

  • Препорачана доза е 1 филм-обложена таблета, еднаш на ден. Во поединечни случаи дозата може да се зголеми на 1 филм-обложена таблета, трипати на ден.
  • Времетраењето на терапијaта го одредува лекар. После период од 4 недели, лекарот треба да одлучи за големината на дозата или продолжувањето на третманот.
  • НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети треба да се проголтаат цели, без џвакање, со течност, во тек на оброк или после оброк.
  • Деца и адолесценти: Поради високата содржина на активните супстанции, НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети не се соодветни за примена кај деца (на возраст до 12 години).

СОСТАВ
1 филм-обложена таблета содржи 100 mg тиамин хидрохлорид, 200 mg пиридоксин хидрохлорид и 0.2 mg цијанокобаламин.

КОНТРАИНДИКАЦИИ
НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети не треба да се употребуваат кај пациенти преосетливи на некоја од активните супстанции или на било која помошна состојка на лекот. Поради високата содржина на активните супстанции, НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети не се соодветни за примена кај деца (на возраст до 12 години).

ПАКУВАЊЕ
Кутија со 30 филм-обложени таблети од (100 mg+200 mg+0.2 mg) (3 блистера со по 10 филм-обложени таблети).