Nutra Folate таблети
1.200,00 ден
Детален опис на производот и употреба:
NutraVit – Nutra Folate
Формулација која поддржува здрава бременост, ја подобрува енергијата и општото здравје. Nutra Folate 400mcg Plus таблетите се специјално формулирани за здрава бременост, нудејќи сеопфатна поддршка и за мајката и за бебето. Формулирани со неопходни состојки, вклучувајќи метил фолат, метилкобаламин, витамин Д и витамин Ц, се специјално направени за да се справат со клучните проблеми пред и за време на бременоста. Nutra Folate 400mcg Plus таблетите содржат Л-метилфолат (5-MTHF) кој е супериорна алтернатива на фолната киселина бидејќи е стабилна, безбедна и високо биолошки активна форма на фолат (витамин Б9).
Бенефиции:
- Нормална функција на мозокот, нервниот и имунолошкиот систем
- Формирање на црвени крвни зрнца и поддршка на кардиоваскуларно здравје
- Време на периодот на развој на доенчето или бременоста, за брза клеточна делба
- Анемија поради дефицит на витамин Б12
- Фолатот е вклучен во синтезата, поправка и функционирање на ДНК
- Одржување на нормално ниво на хомоцистеин (високите нивоа на хомоцистеин се поврзани со зголемен ризик од срцев удар)
За кого е наменето:
- Жени кои планираат бременост
- Бремени жени
- Лица со дефицит на фолат
- Лица со зголемени потреби од фолна киселина
- Лица кои сакаат поддршка за кардиоваскуларно и когнитивно здравје
Состав:
1 таблета содржи:
Активни супстанции:
- Аскорбинска киселина – 100 mcg
- Холекалциферол – 10 mcg
- Метилкобаламин – 1000 mcg
- Л-5-метилтетрахидрофолат калциум – 400 mcg
Помошни супстанции:
Средство за зголемување на волумен (дибазичен калциум фосфат дихидрат, целулоза, хидроксипропил метилцелулоза, малтодекстрин), скроб, сахароза, средство против згрутчување (магнезиум стеарат, силициум диоксид).
Дозирање:
Возрасни и деца над 12 години: една таблета дневно (по можност наутро со појадок).
Не го надминувајте препорачаниот дневен внес освен ако поинаку не ве советува соодветно квалификувано лице.
Пакување:
30 Таблети.


