Vital Pregna капсули

765.00 ден

Краток опис на производот:

Vital Pregna e додаток во исхраната за здравје и благосостојба на жени кои се обидуваат да забременат, веќе бремени жени и жени кои дојат. За целосен развој на вашето бебе.

SKU: 4009932957969

Бренд

Doppelherz Logo

Производител

Queisser Pharma Flensburg logo

Детален опис на производот и употреба:

Vital Pregna капсули – За жени кои се обидуваат да забременат, веќе бремени или доилки.

Неодамнешните научни трудови покажуваат дека снабдувањето со одредени витамини, минерали и хранливи материи во двата месеци пред зачнувањето има позитивно влијание врз здравјето на детето.

  • Суплемент во исхраната со цел да се задоволи зголемента потреба од витамини, минерали, микро елементи и омега 3 масни киселини
  • 12 витамини, 5 минерали и омега-3 масна киселина DHA
  • За целосен развој на вашето бебе

Состојки по капсула

  • Омега-3 масни киселини 176 mg
  • Бета-Каротин 2 mg
  • Витамин Е 12 mg
  • Витамин Д3 5 µg
  • Пантотенската киселина 6 mg
  • Витамин Б1 1,2 mg
  • Витамин Б2 1,5 mg
  • Витамин Б6 2 mg
  • Фолна киселина 400 µg
  • Биотин 60 µg
  • Ниацин 15 mg NE
  • Витамин Б12 2 µg
  • Железо 14 mg
  • Мегнезиум 60 mg
  • Цинк 5 mg
  • Бакар 1 mg
  • Јод 150 µg

Фолната киселина е потребна за правилно затворање на невралната туба, што се случува помеѓу 22-ри и 28-ми ден од бременоста, кога жената можеби и не знае дека е бремена. Затоа се советуваат жените кои сакаат да забременат секојдневно да консумираат фолна киселина најмалку 4 недели пред планираното зачнување.

Омега-3 масните киселини, особено DHA, се важни за очите и развојот на мозокот на фетусот.

Витаминот Ц го поддржува имунолошкиот систем и го намалува ризикот од анемија со дефицит на железо преку фаворизирање на асимилација на железо. Витаминот Е е антиоксиданс на клеточните мембрани кој го забавува клеточното стареење.

Заедно со витаминот Ц, бакарот придонесува за синтеза на колаген и за одржување на сврзните ткива. Витаминот Д3 помага за фиксирање на калциумот во коските.

Витамин Б1, ниацин, витамин Б6 и пантотенска киселина играат важна улога во асимилацијата на хранливите материи и ослободувањето на енергија од шеќерите и липидите. Витаминот Б2 е потребен за заштита на клетките, особено за нервните клетки. Витаминот Б12 е вклучен во растот и функцијата на клетките и во рамнотежата на нервниот систем. Биотинот се користи за градење здрава кожа, коса и нокти.

Јодот е суштински за производство на тироидни хормони кои контролираат неколку процеси како што се растот, метаболизмот што дава енергија и развојот на мозокот и коските на фетусот.

Железото е потребно за формирање на хемоглобин и за транспорт на кислород. Цинкот има важна функција во регенерацијата и заштитата на клетките. Заедно со витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем.

Магнезиумот активира неколку ензими и влијае на метаболизмот и функцијата на невромускулниот систем.

Препорака за конзумирање:
Земете 1 капсула дневно по оброк со доволно течност. Да не се џвака

Пакување:
30 капсули