Olfen 2% гел

610,00 ден

Краток опис на производот:

Олфен гел е моќен противвоспалителен прозивод во форма на емулзија во гел кој има локален 2 во 1 ефект: аналгетски (против болки) и противвоспалителен.

SKU: olfen-2-gel

Производител

Pliva Logo

Детален опис на производот и употреба:

Olfen / Олфен® гел е моќен противвоспалителен прозивод во форма на емулзија во гел кој има локален 2 во 1 ефект: аналгетски (против болки) и противвоспалителен. Олфен® ја содржи активната супстанција диклофенак, која припаѓа на групата лекови наречени нестероидни противвоспалителни лекови (НСИЛ). Диклофенакот има висок афинитет кон воспаленото ткиво и ги ублажува воспалението и болката на самиот нивни извор.

Со оглед на тоа што минимално се апсорбира во системската циркулација, системските несакани ефекти и интеракциите со други лекови се многу малку веројатни.

За локално симптоматско лекување на болка:

  • кај акутни истегнувања, исчашувања или нагмечувања предизвикани од тупи повреди
  • на меките ткива во близина на зглобовите,  кај остеоартритис на коленото и прстите
  • кај епикондилитис (воспаление на тетивното прицврстување во пределот на лактот, кое се нарекува и тениски или голферски лакт)
  • кај акутна болка во мускулите, на пр. во пределот на грбот
  • Се нанесува директно на болното место 3–4 пати на ден.

Пакување:
100 г

Заедно со Olfen 2% гел најчесто купуваат и: