Omega-3 Junior таблети за џвакање

668,00 ден

Краток опис на производот:

Dr. Viton Omega – 3 Junior се меки таблети за џвакање кои содржат оптимална доза на омега-3 масни киселини (еикозапентаенонска – ЕПА и докосахаексаеноична киселина – ДХА) и витамин Д3.

SKU: omega-3-junior-tableti-za-dzvakanje

Бренд

Dr. Viton Logo

Детален опис на производот и употреба:

Dr. Viton Omega – 3 Junior се меки таблети за џвакање кои содржат оптимална доза на омега-3 масни киселини (еикозапентаенонска – ЕПА и докосахаексаеноична киселина – ДХА) и витамин Д3.

ДХА придонесува за одржување на нормалната функција на мозокот и нормален вид (корисен ефект се постигнува со дневен внес од 250 mg ДХА).

Витамин Д придонесува за нормална функција на имуниот систем, нормален раст и развој на детските коски.

Изработени преку патентирана ConCordix технологија со која се зголемува апсорпцијата за 44%

Омега-3  масните киселини се емулгирани во таблетата на ист начин како што се малите маслени капки хомогено дистрибуирани во ткивото на лососот кој е одличен извор на овие есенцијални хранливи материи.

Овој уникатен начин на изработка на суплементот е својствен само за ConCordix – патентирана технологија која е плод на 10 годишен развој од страна на норвешките научници.

Concordix го имитира природниот начин на примање хранливи материи од храната – апсорпцијата на омега-3 стартува уште во устата со самото џвакање.

Процесот на производство е на ниски температури, со што се одржува квалитетот на составот на омега-3 маслата, кои се многу чувствителни на оксидација.

Пакувањето е направено од одржлив материјал кој ја штити секоја доза од влага, светлина и оксидација и ја зачувува свежината на производот.

Дозирање и употреба :
Omega-3 Junior е додаток на исхраната со кој се обезбедува дневен внес на омега-3 масни киселини (DHA и EPA) и витамин D3, наменет за деца над 3 години. САМО 1 ДОЗА ДНЕВНО!

  • Потполно природни
  • Не содржат вештачки шеќери
  • Не ги расипуваат детските запчиња
  • Имаат супер вкус на тропско овошје
  • Без рибен рефлукс
  • Не содржат глутен
  • Меки и лесни за голтање
  • Без ризик од гојазност и дијабетес

Пакување:
30 меки таблети за џвакање

Заедно со Omega-3 Junior таблети за џвакање најчесто купуваат и: