Paracetamol сируп

210.00 ден

Краток опис на производот:

Paracetamol сирупот се користи за намалување на телесната температура кај деца.

SKU: 5310001203108

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Paracetamol сируп СОСТАВ

5 ml раствор содржи 120 mg paracetamol

Фармацевтска форма
Перорален раствор

Дејство
Парацетамолот дејствува преку инхибиција на синтезата на простагландини во централниот нервен систем (ЦНС) и во помала мера преку периферна активност, блокирајќи го преносот на импулсите за болка.Парацетамолот дејствува антипиретично преку активност врз центарот за топлина во хипоталамусот, предизвикувајќи ширење на крвните садови и зголемен проток на крв во кожата, зголемено потење, а со тоа и губење топлина.

Индикации
Парацетамол Алкалоид содржи парацетамол кој е аналгетик (намалува болка и треска) и антипиретик (намалува висока температура). Парацетамол Алкалоид ја намалува болката при никнување заби, забоболката или болките во грлото и ја намалува температурата при настинка и при грип како и при детски инфекции, како што се големи и мали сипаници, голема кашлица (пертусис) и заушки.

Пакување
100 ml раствор