REVALID Серум за раст на коса 50ml
1,830.00 ден
Детален опис на производот:
Revalid серумот за раст содржи иновативна и патентирана состојка Redensyl. Redensyl го обновува растот на косата, го намалува губењето и ја зголемува густината на косата за 8%, што одговара на 28’000 нови влакна по 3 месечна редовна употреба*.
Без парабени, сулфати и силикон.
АКТИВНИ СОСТОЈКИ:
Redensyl® е патентирана, активна состојка од областа на регенеративнито медицинско истражување. Докажана за обновување на клетките во фоликулите одговорни за раст на косата, таа е составена од две патентирани молекули DHQG (dihydroquercetin-glucoside) и EGCG2 (epigallocatechin gallate-glucoside). DHQG се добива од екстракт од ариш и го активира делењето на матичните клетки на фоликулот на влакното; EGCG2 се наоѓа во листовите од зелен чај и го намалува воспалението на скалпот. Научно е докажано дека Redensyl го стимулира растот на косата, истовремено намалувајќи го губењето на истата. Клиничка студија* докажала дека Redensyl има насочен ефект врз матичните клетки на фоликулот на влакното кои се извор на нова коса.
*Во двојно слепо, плацебо-контролирано клиничко истражување под надзор на обучени дерматолози, половина од 26 мажи со алопеција (степен 3 до 4) на возраст од 18 до 70 години добивале формула со 3% Redensyl.
ЕКСТРАКТ ОД АРТЕМИЗИЈА ОД ШВАЈЦАРСКИТЕ АЛПИ
Артемизија е растение познато по своите природни антиоксидантни својства. Традиционално се употребува од фармерите на Алпите како домашен лек против треска, кашлица, па дури и пневмонија, овде служи за заштита на кожата и обновување на балансот на скалпот.
AJIDEW
Ajidew делува како природен навлажнувач кој ја прави косата полесна за обликување и ја намалува наелектризираноста.
ПАНТЕНОЛ
Пантенолот докажано ја стимулира пролиферацијата на кожни фибробласти и го забрзува обновувањето на клетките. Исто така, помага косата да ја апсорбира и задржува влажноста. Оваа состојка може да помогне да се обнови оштетената коса и да се намалат распуканите врвови и истенчувањето, како и да ја зголеми еластичноста на косата
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Нанесете 3.5 мл (околу 6-8 притискања) директно на засегнатите делови на вашиот скалп секој ден. Косата може да биде влажна или сува. Нежно масирајте го серумот во скалпот. Да не се плакне. Потоа можете нормално да ја обликувате вашата коса. Не ја мијте вашата коса и не посетувајте сауна 6 часа по нанесувањето бидејќи тоа може да го направи третманот помалку ефикасен.
Шишенце од 50 мл овоможува третман од приближно 14 дена. Со оглед дека природниот циклус на растење на косата обично трае еден до четири месеци, препорачуваме употреба на Revalid® серумот за растење секој ден најмалку 3 до 6 месеци за позначајни резултати.
ПАКУВАЊЕ:
50 ml.
Аптека ЕРИКС препорачува: