Skleran таблети
750.00 ден
Краток опис на производот:
Skelran Natural Wealth таблетите се наменети за зајакнување на психофизичката состојба на организмот, како и за подобрување на концентрацијата и помнењето.
Нема на залиха
ИЗВЕСТУВАЊЕ: За жал овој производ го немаме на залиха, една од причините е неможноста да биде нарачан од сите релевантни веледрогерии во Македонија. Погледнете што препорачува аптека ЕРИКС како замена и/или поврзани/слични производи.
За повеќе информаци околу достапноста ве молиме контактирајте со нас.
Детален опис на производот и употреба:
Skleran Natural Wealth e мултивитамински и мултиминерален диететски производ со жен-шен, омега-3 есенцијални масни киселини и лук. Производот е наменет за зајакнување на психофизичката состојба на организмот, како и за подобрување на концентрацијата и помнењето. Особено се препорачува за постари лица, лица со ослабен имунитет и виталност, како и за лица кои закрепнуваат од некоја болест. Производот ја надополнува исхраната, задоволувајќи ги специфичните потреби на организмот за витамини и минерали.
Жен-шенот претставува едно од најстарите и најпочитуваните растенија воопшто:
- помага во обновување на енергијата
- ја поттикнува комплетната ревитализација на организмот
- ја зголемува виталноста
- ја зголемува апсорпцијата и употребата на кислородот во процесот на создавање на енергија
- позитивно влијае на циркулацијата
Лукот традиционално се користи благодарение на изобилството од висококвалитетните состојки кои ги поседува, особено алицинот.
- благопријатно делува на крвниот притисок и циркулацијата
- позитивно влијае на нивото на масти и шеќерот во крвта
- корисен е за спречување на атеросклероза
Омега-3 есенцијалните масни киселини имаат благопријатно дејство врз:
- крвните садови и циркулацијата
- помагаат во спречувањето на претераното згрутчување на крвта
- го поттикнуваат доброто помнење и расположение
Витаминот Е, Б комплекс витамините, особено витаминот Б-12 и фолната киселина имаат значаjна улога во подобрување на концентрацијата и помнењето.
Б комплекс витамините, особено пантотенската киселина и ниацинот во комбинација со жен-шенот:
- играат важна улога во обновување на енергијата
- ја подобруваат циркулацијата во мозокот со што ја помагаат неговата работа
Витаминот Е ја подобрува прокрвеноста, особено периферната циркулација.
Моќните антиоксиданти како што се бета каротенот, витамините Е, Ц, цинкот и витаминот Б-2 го чуваат здравјето на очите и го подобруваат видот, кој со годините станува се послаб.
Витаминот Ц, бета каротен, витамин Е, елементите во траги – селен и цинк со своето антиоксидантно дејство го поттикнуваат зајакнувањето на имунолошката реакција, ги штитат клетките од прерано стареење и пропаѓање.
Калциум, фосфор, витамин Д и магнезиум ги штитат коските и мускулите.