Snup спреј за нос за деца

265.00 ден

Краток опис на производот:

Snup спреј за нос за деца содржи активна супстанција ксилометазолин која ги стеснува крвните садови на слузницата на носот и со тоа се намалува отокот и се зголемува проодноста на носните канали.

SKU: 8600097430142

Производител

Hemofarm logo

Детален опис на производот и употреба:

Снуп 0.05% спреј за нос за деца.

Состав:
Ксилометазолин (во форма на хидрохлорид). Snup® спреј за нос, раствор 0.05% 1 мл спреј за нос, раствор содржи 0.5 мг ксилометазолин хидрохлорид. Една апликација на производот (околу 0.09 мл раствор) содржи 0.045 мг ксилометазолин хидрохлорид.

Содржи активна супстанција ксилометазолин која ги стеснува крвните садови на слузницата на носот и со тоа се намалува отокот и се зголемува проодноста на носните канали. Производот е наменет за олеснување на симптомите кај затнат нос, хроничен и алергиски ринитис (алергиско воспаление на слузницата на носот), синузитис (воспаление на синусите).

Употреба:
Snup® секогаш употребувајте го точно онака како што е препорачано во ова упатство или како што Ви кажал Вашиот лекар. Производот е наменет за назална употреба.

  • Деца на возраст од 6 до 12 години: по потреба се вбризгува до 3 пати на ден по една доза Snup® 0.05% спреј за нос, во секоја носница.

Спрејот за нос, раствор, не треба да се употребува подолго од 5 дена.

Производот не е наменет за деца помлади од 6 години.

Snup® не смеете да го користите: ако сте алергични (преосетливи) на ксилометазолин хидрохлорид или на која било друга помошна состојка на производот. Aко имaтe суво воспаление на носната слузница (rhinitis sicca). Kај деца на возраст под 6 години (SNUP® 0.05% спреј за нос, раствор).

Пакување:
10 мл.