Surecheck тест за бременост
165.00 ден
165.00 ден
Детален опис на производот:
Како работи тестот за бременост Surecheck?
Surecheck® го отчитува присуството на хормонот Human Chorionic Gonadotropin (hCG), кој се излачува во урината малку по забременувањето. Кога капки од урината кои го содржат овој хормон ќе паднат врз приклучокот на тестот, во прозорчето на резултатот се појавуваат две цртички.
Кога да си направам тест за бременост?
Уште на првиот ден од доцнење на циклусот, во секое време од денот – имајќи предвид дека првата утринска урина обично е со повисока концентрација на хормонот hCG.
Имам нередовен циклус. Кога да си направам тест?
При нередовен циклус, можете да си направите тест 19 дена по денот на евентуалното забременување. Ако резултатот е негативен, направете тест повторно по 48 часа.
Што да правам ако цртичката во тест зоната (T) е многу бледа?
Направете нов тест по 48 часа. Интензитетот на бојата на на цртичката зависи од концентрацијата на хормонот hCG.
Што може да влијае на резултатот?
Аптека ЕРИКС препорачува: