The Ordinary AHA 30% + BHA 2% раствор за пилинг

821,00 ден

Краток опис на производот:

КомбинираниотThe Ordinary AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution раствор за пилинг врши длабинска ексфолијација и ги намалува неправилностите, давајќи посјаен и рамномерен тен. Со редовна употреба, производот ја подобрува текстурата на кожата и ја намалува видливоста на фините линии.

SKU: the-ordinary-aha-30-bha-2-rastvor-za-piling

Детален опис на производот и употреба:

The Ordinary AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution Раствор за пилинг.

  • Aлфа хидрокси киселините (АХА – гликолна/млечна/винска/овошна) вршат ефективен пилинг на површинскиот слој на кожата за мазен и изедначен тен
  • Бета хидрокси киселините (БХА -салицилна) продираат подлабоко и на тој начин ја чистат мастнотијата во порите

Комбинираниот 32% АХА/БХА раствор врши длабинска ексфолијација и ги намалува неправилностите, давајќи посјаен и рамномерен тен. Со редовна употреба, производот ја подобрува текстурата на кожата и ја намалува видливоста на фините линии.

Формулацијата содржи:

  • Дериват на бобинки од тасмански бибер (Таsmania Pepperberry) чија функција е да спречи иритација поради употребата на киселини
  • Хијалуронска киселина со смирувачки вкрстен полимер
  • Витамин Б5 кој помага при регенерација на кожата
  • Црн морков како антиоксидант

Состав:
Гликолна киселина, млечна киселина, винска киселина, лимонска киселина, салицилна киселина, вкрстен полимер на натриум хијалуронат, екстракт од лист од тасманија ланцеолата*.
*целосниот состав е означен на амбалажата.

Употреба:
Користете 1-2 пати неделно на целосно чиста и сува кожа. Не користете на влажна, чувствителна и иритирана кожа. Избегнувајте контакт со очите за време на нанесувањето и плакнењето. Оставете го производот да делува најмногу 10 минути. Исплакнете темелно со млака вода. При употреба на производот да се користи крем со заштитен фактор.

  • Во случај на иритација добро исплакнете со вода, прекинете ја употребата и консултирајте се со лекар.
  • Пред употреба се препорачува тестирање на мала површина на кожата. Нанесувајте заштитен фактор додека го користите производот.
  • Таsmania Pepperberry е од растително потекло и сезонски бојата му се менува што значи дека оваа варијација на боја е лесно видлива во формулацијата.

Рок на употреба после прво отварање:
12 месеци.

Пакување:
30 мл.

Заедно со The Ordinary AHA 30% + BHA 2% раствор за пилинг најчесто купуваат и: