Tocorelax forte таблети
965,00 ден
Краток опис на производот:
Vemax Tocorelax Forte Токорелакс содржи единствена комбинација на алфа-липоична киселина, магнезиум и витамин Б6.
Детален опис на производот и употреба:
Vemax Tocorelax Forte Токорелакс содржи единствена комбинација на алфа-липоична киселина, магнезиум и витамин Б6.
- Магнезиумот има улога во процесот на клеточна делба, допринесува за нормалнa психолошкa функциja, одржување на нормални коски и заби, електролитна рамнотежа, нормална синтеза на протеини, намалување на заморот и исцрпеноста, нормален енергетски метаболизам, нормална функција на мускулите и нормалнa функциja на нервниот систем
- Витаминот Б6 придонесува за нормална психолошка функција, нормална синтеза на цистеин, нормален метаболизам на хомоцистеин, одржување на нормален енергетски метаболизам, нормална функција на имуниот систем, нормална функција на нервниот систем, нормален метаболизам на протеини и гликоген, регулација на хормонските активности, намалување на заморот и исцрпеноста и нормално создавање на црвени крвни клетки
Состав :
Активни состојки / 1 таблета (дневна доза) / % НРВ*
- Алфа липоична киселина 600 мг
- Магнезиум , 225 мг / 60
- Витамин Б6 , 1.4 мг / 100
*НРВ – нутритивна референтна вредност
Состојки :
алфа липоична киселина, магнезиум-оксид, средства за зголемување на волуменот: микрокристална целулоза, хидроксипропилметилцелулоза, облога (средства за глазирање: шелак, хидроксипропилметилцелулоза, талк, полиетиленгликол, бои: калциум-карбонат, црвен железо оксид), средство против згрутчување: магнезиум-стеарат од билно потекло, силициум-диоксид, згуснувач: арапска гума, средство против згрутчување: талк; пиридоксин-хидрохлорид (витамин Б6).
Начин на употреба :
возрасни :
Се зема една таблета дневно.
Забелешки :
Додатокот на исхрана не е замена за разнолика исхрана. Важно е да се придржувате на урамнотежена и разнолика храна и здрав начин на живот. Да се чува вон дофат и поглед на мали деца.
Предупредувања :
препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Производот не е наменет за лица помлади од 18 години, како ни за лица преосетливи на било која од состојките на производот. Во случај на појава на било каква несакана реакција, да се прекине земањето на производот и да се јавите на лекар.
Начин на чување :
Да се чува во оригиналното пакување, заштитено од светлина и влага на температура до 25°C.
Пакување :
30 таблети.


