Urocalc ќеси

1.410,00 ден

Краток опис на производот:

Urocalc ќеси – Urocalc™ е додаток во исхраната со комплексна комбинација од калиум цитрат, магнезиум цитрат, бромелаин, растителни екстракти и хијалуронска киселина, наменет како дополнителна поддршка кај лица со бубрежни камења.

SKU: urocalc-kesi

Детален опис на производот и употреба:

Urocalc ќеси / Urocalc™

Индикација:
Urocalc™ е додаток во исхраната со комплексна комбинација од калиум цитрат, магнезиум цитрат, бромелаин, растителни екстракти и хијалуронска киселина, наменет како дополнителна поддршка кај лица со бубрежни камења.

Според производителот, се применува:

  • кај лица со бубрежни камења
  • за превенција на повторно формирање камења кај лица со зголемен ризик
  • кај лица со одредени метаболички нарушувања поврзани со формирање камења
  • како дополнителна поддршка кај лица кои се подложени на медицинска експулзивна терапија (MET) или литотрипсија.

Калиум и магнезиум цитратот се вклучени со цел влијание врз процесите на кристализација, раст и агрегација на кристалите, додека растителните компоненти се насочени кон поддршка на диурезата и уринарниот систем.

Состав:
Во 1 ќесичка (препорачана дневна доза):

  • Калиум цитрат – 800 mg
  • од кои калиум – 290 mg
  • Магнезиум цитрат – 800 mg
  • од кои магнезиум – 120 mg
  • Бромелаин – 200 mg (500 GDU)
  • S&R SPAK™ комплекс – 250 mg, од кои:
  • сув екстракт од Phyllanthus niruri, стандардизиран на 15% танини – 150 mg
  • сув екстракт од Parietaria officinalis 4:1 – 50 mg
  • сув екстракт од Ceterach officinarum 4:1 – 50 mg
  • Хијалуронска киселина – 50 mg
  • Сув водено-етанолен екстракт од лист од мечкино грозје (Arctostaphylos uva-ursi) – 50 mg
  • од кои арбутин – 10 mg
  • Сув екстракт од златица (Solidago virga-aurea) 4:1 – 50 mg.

Производот не содржи глутен и лактоза.

Контраиндикација:
Производот не е наменет за:

  • лица помлади од 18 години
  • бремени жени
  • доилки
  • лица преосетливи на која било од состојките.

Лица кои користат лекови треба да се консултираат со лекар пред употреба. Прекумерната употреба може да предизвика лаксативен ефект.

Дозирање:
1 ќкесичка дневно.
Содржината од ќесичката се раствора во чаша вода и се пие по растворањето.

Пакување:
30 ќесички × 3 g.

Заедно со Urocalc ќеси најчесто купуваат и: