Vioplex-T спреј за кожа

540.00 ден

Краток опис на производот:

Vioplex – T спреј за кожа – VIOPLEX-T® ги комбинира дејствата на neomycin и bacitracin и се употребува исклучиво за локален третман на бактериски инфекции на кожа и слузокожа, за повреди подложни на инфекции како и при оперативни зафати. Потврдено е адитивното дејство на двата антибиотика во производот и нивната ефикасност против Г (+) и Г (-) микроорганизми. Оваа комбинација овозможува голема безбедност што се однесува на развој на болнички стафилококни инфекции или епидемии на таканаречениот “ епидемски соеви”, тоа е, група I стафилококи и други типови со висока патогеност.

SKU: 5310125001611

Производител

Fitofarm Logo

Детален опис на производот и употреба:

Што претставува Vioplex-T спреј за кожа и за што се употребува?
1g аеросол содржи Neomycin (во облик на Neomycin Sulfate) 1338.22 IЕ и Bacitracin 103.80 IЕ.

Содржина на пакувањето:

  • Спреј контејнер со вентил за континуирано ослободување кој содржи 121,40 g.
  • Секоја кутија содржи 1 спреј контејнер и упатство за употреба.

VIOPLEX-T® ги комбинира дејствата на neomycin и bacitracin и се употребува исклучиво за локален третман на бактериски инфекции на кожа и слузокожа, за повреди подложни на инфекции како и при оперативни зафати. Потврдено е адитивното дејство на двата антибиотика во производот и нивната ефикасност против Г (+) и Г (-) микроорганизми. Оваа комбинација овозможува голема безбедност што се однесува на развој на болнички стафилококни инфекции или епидемии на таканаречениот “ епидемски соеви”, тоа е, група I стафилококи и други типови со висока патогеност.

Препаратот се користи при:

Хируршки процедури:
локално за превенција на пост оперативни и други рани, при оштетувања на кожата, трансплантација на кожа, изгореници од прв и втор степен со ограничен обем, расцеп (дехисценција) на фурункули и абсцеси.

Дерматологија:
за локален третман на трофични улкуси, дерматитис, декубитуси, хронични инфицирани дерматози како што се егзем, дерматомикози.