WAYA StopReflux ќесички

630,00 ден

Краток опис на производот:

Waya StopReflux ќесичките се медицинско средство наменето за ублажување на симптомите на гастроезофагеален рефлукс како што се: печење во пределот на градите, враќање на желудочната киселина, езофагитис предизвикан од рефлукс, потешкотии при голтање (дисфагија), болки при голтање (одинофагија).

SKU: 3831061013909

Детален опис на производот и употреба:

WAYA StopReflux ќесички против киселини се медицинско средство наменето за ублажување на симптомите на гастроезофагеален рефлукс како што се: печење во пределот на градите, враќање на желудочната киселина, езофагитис предизвикан од рефлукс, потешкотии при голтање (дисфагија), болки при голтање (одинофагија).

Благодарение на синергијата на неговите состојки, WAYA® RefluStop овозможува брзо олеснување на симптомите, односно:

  • Ја спречува киселината (рефлуксот) за помалку од три минути
  • Го ублажува печењето во пределот на градите
  • Ја штити и обновува слузницата

Содржи магнезиум алгинат, карбонати, бикарбонати, хијалуронска киселина и хондроитин сулфат. Ефектот се постигнува механички. Кога содржината ќе дојде во контакт со киселата pH средина во желудникот, магнезиум алгинатот формира гел. Во меѓувреме, карбонатите ослободуваат јаглероден диоксид, кој му овозможува на гелот да се подигне и да создаде чеп, што преставува физичка бариера, која пак го спречува рефлуксот (враќањето) на желудочниот сок во хранопроводот. Карбонатот и бикарбонатот истовремено помагаат да се намали киселоста во желудникот. Дополнително, хијалуронската киселина и хондроитин сулфатот ја штитат и обновуваат слузницата. Предноста на производот WAYA StopReflux® е тоа што не содржи натриум алгинат, туку магнезиум алгинат, па затоа е безбеден за употреба дури и кај пациенти кои треба да го намалат внесот на натриум.

Waya RefluStop се наменети за возрасни и деца над 12 години.

  • Без глутен
  • Без лактоза
  • Со вкус на леден лимон

Пакување:
14 ќесички

Аптека ЕРИКС препорачува: