Aktiven Jaglen капсули
260.00 ден
Краток опис на производот:
Aktiven Jaglen помага при надуеност, гасови и аерофагија (несвесно голтање на воздухот за време на оброците). Детоксикацијата на организмот со активен јаглен е брза помош во моментот кога е потребна, не само за решавање на тековните проблеми, туку и за општо подобрување на симптомите на надуеност, мамурлак, па дури и проблеми со кожата и непцата.
Детален опис на производот:
Се препорачува примена на Aktiven Jaglen:
- Во случај на надуеност и гасови
- При проблеми со варењето
- Кај аерофагија (несвесно голтање на воздух во текот на јадење)
Како се пие активен јаглен:
- при проблеми со варење: по потреба земете 2-3 капсули, 3-4 пати на ден; доколку е потребно, содржината на капсулата може да се размати во чаша вода и да се испие.
- за надуеност после оброк: земете 1g (4 капсули) 30 минути пред и 1g (4 капсули) непосредно по оброкот.
За деца помали од 3 години се препорачува 1 капсула дневно во консултација со лекар. Содржината на капсулите се раствора во чаша вода и се пие.
За што е наменет MaxMedica Aktiven Jaglen?
Активниот јаглен помага при надуеност, гасови и аерофагија (несвесно голтање на воздухот за време на оброците).
Детоксикацијата на организмот со активен јаглен е брза помош во моментот кога е потребна, не само за решавање на тековните проблеми, туку и за општо подобрување на симптомите на надуеност, мамурлак, па дури и проблеми со кожата и непцата.
Во некои од овие ситуации се наоѓаме ненајдено и затоа најдобро е секогаш да ги имате со вас за на пат, на одмор или пак кога сте на излет во природа.
Пакување
20 капсули
Што е активен јаглен?
Активниот јаглен, исто така познат како медицински јаглен, е вид на аморфна форма на јаглерод добиен со деструктивна дестилација на материјали како што се дрво од разни растенија и кора од кокос и како таков има многу поголема специфична површина од обичниот јаглен.
Тоа е ситен, црн прав од чист јаглерод. Големата површина на активен јаглен го дава неговиот одличен капацитет за апсорпција.
За што се користи активниот јаглен?
Активниот јаглен, меѓу другите супстанци, се користи за лекување на одредени нарушувања и болести, вклучувајќи хиперлипидемија, болести на црниот дроб, билијарниот тракт и бубрезите.
Исто така, орално конзумираниот активен јаглен ги намалува нивоата на холестерол, ја намалува подуеноста и количината на цревни гасови. Тој е гастроинтестинален абсорбент и може да има хипохолестеролемична активност.
Состав
Активен јаглен (медицински активен јаглен добиен со карбонизација на лушпа од кокос), капсула: желатин, боја (црн железен оксид и титан диоксид).
Аптека ЕРИКС препорачува: