ARTICHOKE 350mg капсули

420.00 ден

Краток опис на производот:

Аrticoka Natural Essential – Благотворните компоненти на билката Артичока делуваат на намалување на лошиот холестерол и триглицериди, дигестија на храната, лош метаболизам, регенерација на црниот дроб, чистење на слободние радикали. Содржи голем процент на фолна киселина, витамин Ц и К како и бакар, магнезиум и манган.

SKU: artichoke-350mg-kaps

Детален опис на производот:

ARTICHOKE – NATURE ESSENTIAL го намалува нивото на холестерол, липидите и шеќерот, го одмастува црниот дроб, го забрзуба метаболизмот и помага во слабеењето и целулитните третмани.

Супер моќна билка со супер лековити својства:

  • го намалува високиот холестерол и триглицеридите
  • го намалува нивото на шеќер
  • го помага слабеењето
  • природен лек за проблеми со жолчката и жолчните камења
  • проблеми со бубрезите
  • го одмастува црниот дроб
  • го помага варењето
  • го намалува притисокот

Што е артичока?

Артичоката плени со својот вкус, а алтернативната медицина ја користи како свое тајно оружје. Артичоката е извонредно хранлива билка, која во себе содржи мноштво од хранливи и корисни материи. Таа е одличен извор на фолна киселина и витамин Ц. Од минералите артичоката е богата со бакар, магнезиум и манган и многу други лековити и хранливи материи.

Листот од артичоката е богат со природни и биолошки активни компоненти и затоа неговите лековити својства се многу значајни. Една од тие активни компоненти со најголем удел во човековово здравје се флавоноидите и кафеоликвинска киселина. Истражувања покажуваат дека цинаринот и флавоноидите,вклучувајчи го и лутеолинот, се силни антиоксиданси кои можат да помогнат во превенција на оштетувања на клетките во црниот дроб особено кај луѓе внесуваат алкохол, цигари и други штетни материи во телото.

Заштита на жолчката и црниот дроб…

Артичоката ја подобрува работата на жолчката. Жолчката лачи екстремно важна дигестивна супстанца како дел од црниот дроб. Се излачува во тенкото црево каде што се разложуваат мастите, витамините и ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи. Кога дејството на жолчката е инхибирано, токсини и холестерол го блокираат црниот дроб и неговата состојба се влошува. Артичоката е таа што има моќ да го детоксифицира црниот дроб и да овозможи непречено да функционира.

Намалување на холестеролот…

Како што веќе рековме, холестеролот и токсините знаат да го нападнат црниот дроб поради лошиот начин на исхрана, стресот и брзото животно темпо. Но, артичоката како антиоксиданс и детоксификатор го уништува лошиот холестерол уште пред да се создаде. Со земање на артичока ефектите се чувствуваат од 6 до 12 недели од започнувањето.

Артичоката го намалува нивото на шеќерот во крвта. Таа значително помага при лечење на артритис и реуматизам.

Артичоката содржи хемиски супстанции кои што можат да:

  • го чисти и одмастува црниот дроб
  • го спречат гадењето и повраќањето
  • да ги намалат грчевите и гасовите во стомакот
  • го намалува нивото на холестерол.
  • Помага при синдром на иритирани црева (IRB),
  • Да ги исчистат бубрезите
  • Го намалат задржувањето на течностите

Синдром на иритирани црева…

Синдром на иритирани црева (IBS) е хронично заболување кое го имаат голем број луѓе и се карактеризира со гадење, повраќање, проблеми со желудникот, болки во стомакот. Артичоката ги намалува болките во стомакот, ги намалува грчевите и гасовите во стомакот, помага при надуеност, гасови, и констипација.

Упатство за употреба: Како диететски производ се препорачува по 3 капсули дневно после јадење.