Buccoseryl дентална адхезивна паста

1.640,00 ден

Краток опис на производот:

Buccoseryl дентална адхезивна паста со уникатна формулација за брзо заздравување на рани во усната празнина.

SKU: buccoseryl-dentalna-adhezivna-pasta

Детален опис на производот и употреба:

Buccoseryl Дентална атхезивна паста.

  • Денталната паста како активна супстанца содржи депротеинизиран серум од телешка крв кој што се прилепува на слузницата и придонесува за брзо заздравување на раните во устата
  • Полидоканол 2% има анестетички ефект и брзо ја ублажува болката по нанесувањето
  • Ефектот трае од 1 до 5 часа (зависно од локацијата на лезијата и протокот на плунка)
  • Наменет за возрасни и деца над 6 години

Терапевтски индикации:

  • Како хируршка облога по орално хируршка интервенција (отворена рана по екстракција на заб или сутурирана рана)
  • По пародонтален третман како медикаментозна облога
  • При воспалителни и болни состојби на меките ткива во оралната празнина (афти, фисури, херпеси, гингивитис, пародонтопатија, стоматитис)
  • При болки од притисок предизвикан од протетски изработки (декубитуси/ улцери)
  • Кај болки кои се јавуваат за време на ерупција на умниците

Употреба: 

  • Половина центиметар од гелот како тенок слој се нанесува со сув прст или суво памучно стапче на погодената регија, која треба да е исто така сува, потоа се измазнува нанесениот слој со влажен прст или влажно памучно стапче
  • При постоење на места од протезата кои притискаат на слузницата, се нанесува пастата на сува протеза
  • Се употребува 3 до 5 пати на ден

Безбеден за употреба кај бремени жени и доилки.

Пакување:
5g

Аптека ЕРИКС препорачува: