Canesten 1 вагиналета 500mg

445.00 ден

Краток опис на производот:

Канестен 1 вагинална таблета се користи за лекување на инфекции на половите органи (вагинитис) што ги предизвикуваат габи (најчесто Candida) и суперинфекции со бактерии чувствителни на клотримазол.

SKU: 8606007910049

Производител

Bayer logo

Детален опис на производот и употреба:

ШТО ПРЕТСТАВУВА КАНЕСТЕН® 1 ВАГИНАЛНА ТАБЛЕТА И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Kлотримазол е дериват на имидазол со антигабично дејство. Клотримазол дејствува врз габите на тој начин што го инхибира создавањето ергостерол, што доведува до структурни и функционални оштетувања на цитоплазматската мембрана.

Канестен® 1 вагинална таблета се користи за лекување инфекции на половите органи (вагинитис) што ги предизвикуваат габи (најчесто CANDIDA) и суперинфекции со бактерии чувствителни на клотримазол.

Како да знам дека е кандидијаза?

  • 6 главни симптоми
  • Чешање
  • Оток
  • Црвенило
  • Необичен исцедок
  • Печење
  • Болка

Кандидијазата обично не го менува нивото на pH и нема мирис, но може да почувствувате болка за време на секс или мокрење.

Без грижи!
Можеби чувството е непријатно, но нема потреба да се плашите. Кандидијазата не е сексуално пренослива болест или сериозна состојба и во повеќето случаи може лесно и ефикасно да се излечи. Исто така, вообичаена е и многу честа – 3 од 4 жени ја добиваат барем еднаш за време на нивниот живот и не е предизвикана од недостаток на хигиена.

Начин на употреба:
Извлечете го клипот на апликаторот колку што е можно повеќе. Ставете ја вагиналната таблета во апликаторот, така што да се гледа приближно половина од таблетата од апликаторот со заоблената страна кон надвор. Додека го правите ова, со своите прсти малку притиснете го заоблениот врв на апликаторот.

Внимателно вметнете го апликаторот со таблетата колку што е можно подлабоко во вагината (ова најлесно се постигнува кога лежите на грб со малку подвиткани колена).

Притиснете го клипот на апликаторот до крај и таблетата ќе остане во вагината. Извадете го апликаторот.

Аптека ЕРИКС препорачува: