IDEOS таблети за џвакање

550.00 ден

Краток опис на производот:

Ideos таблети за џвакање се употребуваат кога има недостаток од витамин Д и калциум или постои ризик коскената маса да се намалува, а кршливоста на коските да се зголемува.

SKU: 3400970000913

Детален опис на производот:

Ideos / Идеос таблетите за џвакање се употребуваат:

  • Во случај на недостаток на витамин Д и калциум
  • Заедно со некои третмани на остеопороза (состојба каде коскената маса се намалува и кршливоста на коските се зголемува), кога има недостаток или ризик од недостаток на витамин Д и калциум

Производот е индициран за употреба само кај возрасни.

Активни супстанции се калциум и холекалциферол (витамин Д3).
Секоја таблета за џвакање содржи 1250 мг калциум карбонат што одговара на 500 мг елементарен калциум и 400 ИЕ холекалциферол (витамин Д3).

Помошни супстанции се: ксилитол, сорбитол (Е420), повидон, магнезиум стеарат, арома на лимон (препарати за арома, природни ароматични материи, малтодекстрин, багрем, натриум цитрат, лимонска киселина, бутилиран хидроксианизол).
Ексципиенти на холекалциферол концентратот во облик на прашок: алфа – токоферол, хидрогенизирано масло од соја, желатин, сахароза, скроб од пченка.

Дозирање:
Секогаш земајте го лекот како што ви препишал доктор, или вообичаена доза е 1 таблета, 2 пати на ден. Пред да се проголта таблетата, потребно е да се изџвака.

Пакување:
30 таблети за џвакање