Детален опис на производот:
Kanoil Bio – Маслен раствор во масло од коноп 3000 mg CBD, спреј, 30 ml со арома на јагода
КАНОИЛ БИО е маслен раствор, спреј за перорална употреба, кој содржи маслен екстракт од растението коноп (канабис) и масло од семе од коноп. Маслениот раствор е со докажано отсуство на пестициди и хербициди.
Маслениот екстракт e добиен со екстракција од растението коноп (канабис), која се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што му обезбедува највисок квалитет. Екстрактот содржи канабиноиди, посебно CBD (Cannabidiol), како и CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol) и други слични соедниненија.
Канабиноидите се врзуваат за CB1 и CB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем во човековиот организам и може да имаат имуномодулаторен ефект (го подобрува имунолошкиот систем) и други позитивни ефекти на општата здравствена состојба.
Маслото од семе од коноп во КАНОИЛ® БИО е едно од ретките природни растителни масла, погодно и за секојдевна употреба во исхраната, а содржи есенцијални омега-6 масни киселини (линолеична – LA и гама-линоленична киселина – GLA) и омега-3 масни киселини (алфа-линоленична – ALA и стеаридонска киселина – SDA) во сооднос 3:1. Од друга страна, одржувањето на рамнотежата на овој сооднос во исхраната, е важно за спречување на појава на воспалителни, кардиоваскуларни, кожни заболувања и други здравствени состојби.
Ова масло, ги содржи сите есенцијални аминокиселини во избалансиран сооднос, а содржи и минерали, олигоелементи, витамини, како и фитостероли и токофероли.
Заради тоа, КАНОИЛ БИО препаратот од маслен екстракт од растението коноп и масло од семе од коноп, може да содржи и терпени, флавоноиди, гликозиди, пигменти, алкани, азотни соединенија, есенцијални аминокиселини во избалансиран сооднос, магнезиум, манган, железо, цинк, калиум, витамини (А, B1, B2, B3, B5, B6, C, D, Е, F) и значајни количини на фитостероли и токофероли (од Витамин Е комплексот) кои се важни во изградба на клетките и нормално одвивање на метаболните и физиолошките процеси во човековиот огранизам.
Комплексните составни компоненти на маслениот екстракт и маслото од семе од коноп во КАНОИЛ БИО спрејот имаат “entourage” ефект, односно манифестираат синергистичко и надополнувачко меѓусебно дејство, што му овозможува на маслениот раствор поволно да влијае на функцијата на многу системи во човековиот организам и на општата здравствена состојба.
КАНОИЛ БИО содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) во количинa под 0,2%.
Аромата јагода во КАНОИЛ БИО го подобрува вкусот и мирисот на маслениот раствор и овозможува подобро поднесување кај лицата на кои им пречи природниот вкус и мирис што потекнува од билката коноп (канабис).
КАНОИЛ БИО маслениот раствор во форма на спреј овозможува едноставна и брза употреба.
За што се употребува граничниот производ КАНОИЛ БИО
КАНОИЛ БИО може да му помогне на организмот при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст.
КАНОИЛ БИО не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.
Позитивни ефекти при употреба на КАНОИЛ БИО се манифестираат и при:
- Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми
- Се користи против гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања
- Помага во одржување на балансот на цревната флора
- Ублажува состојби на болка од различно потекло, зарaди неговото противвоспалително дејство
Може да се употребува и за:
- Превенција на кардиоваскуларни болести: помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и делува кардиопротективно
- Помага во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта (зголемено ниво на масти во крвта)
- Помага во регулирање на покачена гликемија (зголемено ниво на шеќер) во крвта, посебно кај лица со дијабетес
- Подобрување на општа здравствена состојба при Паркинсонова болест
- Ублажување на когнитивни нарушувања при Алцхајмерова болест
- Позитивно влијание при појавување на симптоми на Кронова болест
- Намалување на воспаление и болка при ревматоиден артритис
Не смее да се употребува при:
- хиперсензитивност на која било состојка на спрејот
- бременост или доење
- употреба на алкохол или недозволени супстанции