Детален опис на производот:
KONDROIN FORTE ДОДАТОК НА ИСХРАНА, СО ГЛУКОЗАМИН И КОНДРОИТИН
Содржи:
во препорачана дневна доза (2 таблети)
- Глукозамин сулфат 1000 mg од тоа глукозамин 600 mg
- Кондроитин сулфат 400 mg
Глукозамин сулфат е сложена молекула која е изградена од шеќер и амини. Се наоѓа во бројните телесни ткива и органи како што се сврзните ткива, тетивите, лигаментите, зглобните течности, ’рскавиците, коските, кожата, ноктите и косата.
Кондроитин сулфат е сложен јагленохидрат кој се наоѓа во сврзните ткива на сите цицачи. Во текот на стареењето се намалува продукцијата на кондроитин сулфатот, а со тоа и неговата концентрација во зглобните структури.
Состојки на KONDROIN FORTE:
- глукозамин сулфат-дикалиум хлорид (од ракови)
- натриум кондроитин сулфат
- пченкарен скроб
- лактоза
- регулатор на киселост
- дикалциум фосфат
- средство за згуснување: гума арабика
- средство за зголемување на волумен: микрокристална целулоза
- емулгатор: моно-и диглицериди на масни киселини
- средство за спречување на згрутчување: магнезиумови соли на масни киселини
- згуснувач; вмрежена натриум карбоксиметил целулоза
- средство за спречување на згрутчување: силициум диоксид
- средство за полирање: шелак
- средство за спречување на згрутчување: талк
Упатство за употреба:
Се зема 2 пати на ден по 1 таблета за време на оброк, со малку течност.
Предупредување:
Не смеат да се надминат препорачаните дневни дози. Не се препорачува на бремени жени, доилки и лица помлади од 18 години. Лицата кои примаат лекови, пред земање на овој производ, треба да се посоветуваат со лекар или фармацевт. Особено внимание да се посвети при истовремено земање на кумарински антикоагуланси.
Напомени:
Да се чува од дофат на мали деца.
Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна и балансирана храна. Важно е да се придржувате на балансирана и разновидна исхрана и здрав начин на живот.
Начин на чување:
Да се чува на суво и темно место, на температура до 25° C.
Пакување:
40 таблети.