Multi Essence Vitamin D3 4000 IU таблети

270.00 ден

Краток опис на производот:

Multi Essence Vitamin D3 4000 UI таблетите придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем, за нормална мускулна функција, за одржување здрави коски.

SKU: 5310001268671

Бренд

Multi Essence logo

Производител

Alkaloid Skopje Logo

Детален опис на производот и употреба:

Multi Essence Vitamin D3 4000 IU табалети – Витаминот Д е липосолубилен витамин којшто се синтетизира во кожата под дејство на УВ-светлина. Тој се претвора во 25 (OH) D во црниот дроб и понатаму до активната форма (калцитриол 1,25 (OH)2 D) во бубрезите или во другите органи.

Вклучен е во метаболизмот на коските, ја зголемува апсорпцијата на калциумот од цревата, но, исто така, има и многу важна улога во нормалниот имунолошки одговор. Витаминот Д врши имуномодулаторни активности.

Постојат студии коишто ја демонстрираат неговата улога во зголемувањето на способноста на вродениот имунолошки систем да се бори против патогените микроорганизми.

Витаминот Д достигнува најниско ниво во текот на зимските месеци и затоа научниците често го нарекуваат „сезонски стимул“, бидејќи ниските нивоа на витамин Д се поврзани со зголемена појава на респираторни инфекции.

Употреба:
MULTI ESSENCE Витамин D3, како храна за посебна нутритивна употреба – храна за посебни медицински намени, ги задоволува зголемените потреби од витамин D3 кај возрасните.

Производот е наменет за диететско регулирање состојби и болести кај коишто е неопходно надоместување на витаминот Д.

  • Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.
  • Витаминот Д придонесува за нормална мускулна функција.
  • Витаминот Д придонесува за одржување здрави коски.

Дозирање:
Еднаш дневно, по една капсула.

Пакување:
Картонската кутија содржи 30 меки капсули (2 блистери) и упатство за употреба.