Oralsept спреј за уста

250.00 ден

Краток опис на производот:

Oralsept спрејот се употребува за лекување на болка и воспаление (црвенило, оток и чувство на топлина) во грлото и устата.

SKU: 5310090006970

Производител

ReplekFarm logo

Детален опис на производот и употреба:

Oralsept спреј за уста се употребува за лекување на болка и воспаление (црвенило, оток и чувство на топлина) во грлото и устата.

  • Содржи бензидамин хидрохлорид, кој спаѓа во групата на лекови наречени нестероидни противвоспалителни лекови (НСАИЛ).

Тројно дејство

  • Аналгетско, анестетично
  • Антиинфламаторно (против-воспалително)
  • Антимикробно дејство

Се употребува локално кај воспалителни заболувања на усната празнина и грлото.

  • Болно и воспалено грло (болка, црвенило, гребење, отежнато голтање)
  • Болни или воспалителни состојби во устата, ранички (гингивитис, стоматитис, фарингитис)
  • Намалување на болка и воспаление после екстракција на заби
  • Воспаление на јазик и непца
  • Непријатност предизвикана од забни протези

Оралсепт спрејот делува со спречување на создавањето на простагландини. Простагландините се природни супстанци што телото ги создава после повреда или инфекција. Тие предизвикуваат зголемување на дотокот на крв во областа на повредата или инфекцијата. Ова резултира со болка, црвенило, оток и чувство на топлина во таа област. Со спречување на создавањето на простагландини, овие ефекти се намалуваат.

Состав:
1 мл раствор содржи 1.5 мг бензидамин хидрохлорид.

Конзерванс:
метил парахидроксибензоат

Употреба:

  • Возрасни: 4-8 испрснувања од спрејот на секои 1 1/2 до 3 часа
  • Кај деца на 12 госини треба да се употребува дозата за возрасни
  • Кај деца под 6 години – дозата зависи од телесната тежина на детето (1 испрснување од спрејот на секои 4 кг телесна тежина, но не употребувајте повеќе од 4 испрснувања од спрејот одеднаш. Оваа доза треба да се употребува на секои 1 1/2 до 3 часа

Мерки на претпазливост:Да се чува на температура од 25°C во оригинално пакување. Да се чува подалеку од дофат на деца.

Пакување:
30 ml спреј за уста со дозирачка пумпа