Pantenol маст

190.00 ден

Краток опис на производот:

Пантенол маста е изработена од масни материи од природно потекло, на кожата и ги обезбедува неопходните хранливи материи, и дава мазност и сјај и ја зголемува еластичноста.

SKU: 8608808010232

Производител

Galenika logo

Детален опис на производот и употреба:

Pantenol маст се применува за подобрување на епитeлизацијата и нега на кожата кај:

  • Мали изгореници предизивикани од различни физички и хемиски агенси
  • Ублажување на тегобите настанати како последица на прекумерно сончање, триење или притисок на кожата
  • Иритација и јадеж, особено кај превиткувања на кожата
  • Суви, испукани усни и брадавици на дојки
  • Екцематозни промени во пазувите помеѓу третман со лековити масти
  • Оштетување на кожата поради нарушување на периферната циркулација на крвта
  • Може да се употребува и како козметички препарат кај постара, сува и  уморна кожa

Декспантенол кој е активна состојка на маста Пантенол, во организмот се трансформира во пантотенска киселина. Активниот облик на пантотенска киселина во ткивата е коензимот А.

Коензимот А е неопходен за метаболизмот на јаглехидратите, мастите и белковините и детоксикација на некои продукти на метаболизмот. На ниво на здрава кожа, овие процеси резултираат со зачувување на правилната функција, а кај оштетената или заболена кожа со стимулација на регенеративните процеси.

Пантенол маста е изработена од масни материи од природно потекло, на кожата и ги обезбедува неопходните хранливи материи, и дава мазност и сјај и ја зголемува еластичноста.

Состав:
Декспантенол 0.05 г.

Употреба:

  • се нанесува на оштетена кожа 2-3 пати дневно во тенок слој и благо се втрива.
  • На доилките им се препорачува мачкање на брадавиците после секој подој.
  • Како козметички препарат се нанесува на претходно исчистена кожа, секоја вечер.

Пакување:
30g