RELAX восочна облога за грб

1,380.00 ден

Краток опис на производот:

RELAX восочна облога за грб овозможува пријатно чувство затоа што под дејство на телесната температура се развива мирис на мед и восок. Пријатно загреаните плочи од восок во допир со напнатите делови на вратот моментално помагаат за опуштање на напнатоста.

SKU: 8606105725279

Детален опис на производот и употреба:

RELAX восочна облога за грб / RELAX vosocna obloga za grb

Овозможува пријатно чувство затоа што под дејство на телесната температура се развива мирис на мед и восок. Правилно обликуваните и пријатно загреани плочи од восок во допир со напнатите делови на вратот моментално помагаат, а благотворниот мирис на загреаниот восок го подобрува расположението.

Структурен состав:

  • Восочно јадро – природно пречистен пчелин восок, претопен во плочи со сачаста структура, моментално опушта, благотворно смирува, одржува температура, не се лади под телесната температура, 100% природно.
  • Ленено платно – 100% природно, во повеќе слоеви. Делува благотворно смирувачки, нежно на кожата.
  • Памучно платно – 100% природно, во повеќе слоеви.

Начин на употреба:

  • Пред загревањето да се одстрани заштитната хартија од внатрешната страна на облогата
  • Внатрешната страна на облогата (ленената) се загрева до 40°С (со пегла, на опција wool)
  • Загреаната облога може да се стави директно на кожата

Напомена:

  • Облогата не треба да се загрева доколку личноста има зголемена телесна температура (преку 37°С);
  • Појавата на восочни дамки на ленениот дел не ја намалува делотворноста на облогата;
  • Да се пере рачно, со нежен детергент на температура до 30°С