REVALID Енергетски шампон за мажи 200ml
980.00 ден
Детален опис на производот:
Revalid Energizing Shampoo ја содржи иновативната активна состојка SantEnergy, екстракт од растението Yerba Santa, и во комбинација со Redensyl помага во заживување на фоликулот на влакното и клетките на коренот. Активната состојка ги поттикнува и ревитализира фоликулите на влакното, штитејќи ги од оксидативно оштетување, ја зајакнува косата и го стимулира нејзиниот раст. Збогатената формула со екстракт од цветот на швајцарскa Artemisia нежно ги чисти и хидрира сувиот скалп и коса и ја зајакнува структурата на косата.
Не содржи парабени, сулфати и силикони.
АКТИВНИ СОСТОЈКИ:
Redensyl® е патентирана, активна состојка од областа на регенеративното медициско истражување. Синергетското дејство на патентираните молекули е развиено да ги поддржи ORSc и кожните папиларни клетки во фазата на иницијација на растот на косата. За Redensyl® е научно докажано дека го стимулира растот на косата истовремено спречувајќи го опаѓањето на истата.
SANTENERGYTM
SantEnergy е единствен екстракт богат со полифеноли кој традиционално се користи поради неговите здравствените придобивки и антиоксидативната моќ. SantEnergy™ има два начина на дејство кои многу добро се надополнуваат: има енергизирачки ефект сличен на тој од кофеин, и е моќен антиоксидант. Преку овие дејства, се забавува предвременото стареење на фоликулите на влакното и се штитат клетките на фоликулот од оксидативно оштетување. Како краен резултат, се зголемува растот на косата и нејзината густина.
ЕКСТРАКТ ОД АРТЕМИЗИЈА ОД ШВАЈЦАРСКИТЕ АЛПИ
Артемизија е растение познато по своите природни антиоксидантни својства. Традиционално се употребува од фармерите на Алпите како домашен лек против треска, кашлица, па дури и пневмонија, овде служи за заштита на кожата и обновување на балансот на скалпот.
AJIDEW
Ajidew делува како природен навлажнувач кој ја прави косата полесна за обликување и ја намалува наелектризираноста.
ПАНТЕНОЛ
Пантенолот докажано ја стимулира пролиферацијата на кожни фибробласти и го забрзува обновувањето на клетките. Исто така, помага косата да ја апсорбира и задржува влажноста. Оваа состојка може да помогне да се обнови оштетената коса и да се намалат распуканите врвови и истенчувањето, како и да ја зголеми еластичноста на косата.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Ставете мала количина од шампонот на дланката и со малку вода направете го во лесна пена. Нежно нанесете на влажна коса и масирајте во скалпот. Исплакнете темелно. Повторете доколку е потребно.
ПАКУВАЊЕ:
200 ml.
Аптека ЕРИКС препорачува: