REVMATOL таблети

960.00 ден

Краток опис на производот:

REVMATOL таблети е наменет за возрасни со вкочанетост на зглобовите и остеопоротична болка.

SKU: 7042290100537

Детален опис на производот:

REVMATOL таблети:

  • Колаген тип II
  • хондроитин
  • глукозамин

Се основните компоненти на здравото ткиво на ‘рскавицата. Revmatol ги обезбедува микро и макромолекуларните градежни блокови потребни за регенерирање на ткивото на ‘рскавицата.

Глукозаминот и хондроитинот го забавуваат процесот на стеснување на просторот во зглобот предизвикан од разни болести и ги подмачкуваат, што овозможува подобри движења и флексибилност.

Хидролизираниот колаген II е исклучително богат извор на примарни амино киселини потребни за одржување на виталноста и зачувување на сврзното ткиво.

Секојдневната примена на Revmatol обезбедува ефективни дози на витамини и минерали кои го помагаат метаболизмот на:

  • хондроцитите (‘рскавичните клетки),
  • интегритетот на екстрацелуларната ‘рскавица матрикс (просторот помеѓу клетките)
  • внатрешниот одбранбен антиоксидативен систем.

Слободните радикали формирани како производ на метаболизмот се поврзани со развој на болести на зглобовите (остеоартритис, ревматоиден артритис), а антиоксидансите од Revmatol помагаат да се неутрализираат и да се намалат нивните штетни ефекти.

REVMATOL таблети обезбедува оптимална доза на екстракт од корен од ѓумбир и екстракт од шипка за да помогне во намалувањето на воспалението на зглобовите.

За кого се препорачува REVMATOL таблети?
REVMATOL таблети е наменет за возрасни со вкочанетост на зглобовите и остеопоротична болка. Може да се користи како додаток на вообичаените терапии што се користат за лекување на болести на зглобовите и други сегменти од програмата за третман што вклучува соодветна исхрана, вежбање и контрола на тежината.

Како да се користи Revmatol?
1-2 таблети на ден или како што е препорачано од вашиот лекар. Продолжете да го земате Ревматол онолку долго колку што советува вашиот лекар.
Ако заборавите да земете доза Ревматол, не земајте двојна доза, туку продолжете со вашиот редовен режим.
Не земајте Revmatol ако сте алергични на некоја од состојките (видете Активни состојки и помошни супстанции).

Несакани ефекти:
Не се пријавени сериозни несакани ефекти.
REVMATOL таблети – Несакани ефекти кои може да се појават при употреба на Revmatol се умерено гадење, вознемирен стомак и дијареа.