Septolete total спреј

235.00 ден

Краток опис на производот:

Septolete Total спрејот ја отстранува причината за инфекција и ги лекува болката и воспалението, соодветен е за употреба како во почетните фази на иритација на грлото, така и при болно и отечено грло.

SKU: 3838989653774

Производител

KRKA logo

Детален опис на производот и употреба:

Septolete total спрејот за уста е против-воспалителен, аналгетски и антисептичен лек за локална употреба во уста. Спрејот за уста врши дезинфекција на устата и грлото и ги намалува симптомите на воспаление на грлото како што се болка, црвенило, оток, печење и нарушена функција.

Септолете тотал се користи како против-воспалителен, аналгетски и антисептичен третман:

  • При надразнувања во грлото, устата и непцата
  • При гингивитис, фарингитис и ларингитис
  • Пред и по вадење на заби

Состав:
Активни супстанции: бензидамин хидрохлорид и цетилпиридин хлорид.

Употреба:
-Возрасни
За еднократна доза, притиснете го спрејот еднаш до двапати. Ова може да го повторувате на секои 2 часа, 3 до 5 пати на ден.

-Употреба кај деца
Деца на возраст над 12 години
За еднократна доза, притиснете го спрејот еднаш до двапати. Ова може да го повторувате на секои 2 часа, 3 до 5 пати на ден.

Деца на возраст од 6 до 12 години
За еднократна доза, притиснете го спрејот еднаш. Ова може да го повторувате на секои 2 часа, 3 до 5 пати на ден.

Септолете тотал не треба да се користи кај деца на возраст под 6 години.

Пакување:
30 мл