Vitamin B1 таблети
760,00 ден
Краток опис на производот:
NOW B1 витамин (тиамин) е вклучен во бројни функции на телото, вклучувајќи ги нервниот систем и функционирањето на мускулите, проток на електролити во и надвор од нервните и мускулните клетки, метаболизам на јаглени хидрати и производство на хлороводородна киселина, неопходна за правилно варење.
Детален опис на производот и употреба:
NOW Vitamin B-1
- Здравје на нервниот систем
- Поддржува производство на енергија
- Здрави нервни ткива
Витаминот Б-1, исто така познат како тиамин, е член на семејството Б-витамини кој природно се наоѓа во житарки од зрна, грав, ореви, јајца и месо. Тиаминот е вклучен во бројни функции на телото, вклучувајќи ги нервниот систем и функционирањето на мускулите, проток на електролити во и надвор од нервните и мускулните клетки, метаболизам на јаглени хидрати и производство на хлороводородна киселина, неопходна за правилно варење.
Витамин Б1 припаѓа на витамини растворливи во вода,кој игра посебна улога во метаболните процеси.
Кога ќе се внесе во организмот, се претвара во посебна супстанца тиамин пирофосфат кој се смета за најважен ензим за стабилна активност на нервниот систем, допринесува за одвивање на најважните процеси во мозочната кора, а со негова помош нервниот систем се збогатува со потребните хранливи материи.
Една од најважните функции на тиаминот е елиминација на млечната и пируватната киселина од организмот, ако не се лачат во доволни количини нервниот систем не ги добива есенцијалните хормони во потребни количини а тоа влијае на неговата работа.
Апсорпцијата на овој витамин во организмот го помагаат витамини од Б комплексот, витамин Ц и Е, сулфур, манган, а го одмагаат стрес, температура, никотин, кафе (хлорогенска киселина од кафето, танини од чајот), алкохол, школки. Естроген, сулфонамиди, хлорот од водата го уништуваат тиаминот, а поедини диуретици доведуваат до негово излачување од организмот.
Придобивки :
- Ја стабилизира мозочната активност
- Го нормализира расположението
- Зголемува ментални способности
- Стимулира раст на коски
- Подржува нормално функционирање на срцето
Состав :
една таблета содржи 100 мг Тиамин (од Thiamin HCl) (Витамин Б-1).
Други додатоци :
целулоза, стеаринска киселина (од растителен извор) и магнезиум стеарат (од растителен извор). Не е произведено со пченица, глутен, соја, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.
Без ГМО. Вегереријански/Веган. Кошер.
Пакување :
100 таблети


