Rhinostop таблети
160.00 ден
160.00 ден
Детален опис на производот:
Rhinostop таблети – Риностоп брзо и ефикасно ги ублажува симптомите на настинка и грип (и ги спречува симптомите на алергиски ринитис), меѓу кои:
Rhinostop е внимателно дизајниран повеќе компонентен лек, првенствено со цел брзо и ефикасно да ја подобри здравствената состојба на пациентот, и да му овозможи побрзо враќање кон нормалното функционирање и извршување на секојдневните активности.
Состав:
1 таблета содржи: парацетамол 251 мг, псеудоефедрин хидрохлорид 61,20 мг, хлорфенамин малеат 2,54 мг.
Во извршените клинички студии Rhinostop® докажа значително поголема ефикасност т.е. делување на поширок спектар на симптоми во однос на монокомпонентните препарати (на пр.парацетамол 500 mg).
Во испитувањето кое се однесува на отстранување на водечките симптоми на настинка (температура, главоболка,болка во подрачјето на лицето, отечени очни капаци, затнатост на носот,течење од нос,црвенило и оток на носните школки) Rhinostop делува на сите испитувани симптоми и е докажан како ефикасен во поглед на сите анализирани параметри.
Според субјетивната проценка на пациентите и објективната проценка на докторите, Rhinostop е оценет како подобар и прифатлив лек во третман на настинка.
Дозирање и начин на употреба:
Препорачаната дневна доза е до 4 таблети на ден. Кај пациенти со слабо до умерено нарушување на функцијата на бубрегот се препорачува интервалот помеѓу поединечните дози да се продолжи до 8-12 часа.
Пакување:
10 таблети
Аптека ЕРИКС препорачува: